Му давате ли на своето дете да обликува глина или да користи ножици?

Рускиот невролог и психолингвист Татјана Черниговскаја открива зошто е важно во детството многу да работите на развојот на фината моторика кај децата.

– Соочени сме со многу тешка задача – се наоѓаме на раскрсница помеѓу лицата што пишуваат текстови според научни трудови и читаат квалитетни книги и лицата што читаат „хипертекстови“, воопшто не знаат да пишуваат, се угледуваат на славни личности и не знаат основна граматика – вели неврологот.

Постојано се зборува за тоа каква е денешната младина, дека новите генерации се сѐ полоши, понеписмени, мрзливи… Татјана Черниговскаја има објаснување:

– Важно е да сфатиме дека ваквите лица имаат различен мозок. Нам тоа ни изгледа интересно и како да нема опасност. Но, опасноста постои. Ако малото дете што тргнало на училиште не научило убаво да пишува, ако не се навикне на малите, деликатни движења со моливот или пенкалото, ако во градинка ништо не обликувало, ако не знае да ракува со ножици, не знае да наниже бисери на конец, тогаш неговата фина моторика не е развиена

Сето тоа подоцна се одразува и врз функциите за говор и дикција. Треба навреме да се развие фината моторика кај децата- порачала Черниговскаја.



912

X