Како и повеќето родители, веројатно сакате да воспитате дете кое ќе порасне во љубезна, добра и способна за функционирање личност, независна во реалниот свет. Не сакате кој ќе стигне да го гази, но сигурно не сакате и да се шета со носот кренат во облаци и со лош став.

Ова е наједноставниот начин да се воспита добро дете:

Поставете добар пример

Зборувањето лошо за другите пред вашите деца – дури и ако никој освен вашата мајка или вашиот сопружник не е во близина – сигурно ќе испрати порака дека тоа е прифатливо социјално однесување. Вашите деца обрнуваат внимание повеќе отколку што мислите. Немојте да бидете лицемери со моделирање озборувачко однесување и потоа да очекувате вашите деца да не го прават истото.

Охрабрете ги да бидат љубезни и пофалете ги кога го прават тоа!

Не е потребно многу – само мал поттик сега и повторувајте му дека треба да се внимава на потребите на другите; може да ѝ кажете на вашата ќерка да види дали детето кое е само на игралиштето сака да се вклучи во играта што ја игра таа, или да го поттикнете вашиот син да му даде комплимент за ранецот на друго дете.

Комплименти

Не давајте им само пофалби на вашите деца за нивниот изглед. Пофалете ги за нивната добрина, нивните таленти и нивната промисленост. Охрабрете ги да кажат „благодарам“ кога некој ќе им даде комплимент и поттикнете ги слободно да им даваат комплименти на другите.

Запомнете дека е ваша работа да ги научите да прават разлика меѓу правилно и погрешно

Запомнете дека тие гледаат сè што правите. Дејствата, навистина, зборуваат погласно од зборовите. Држете ги вратите отворени зад вас, кажете ѝ „благодарам“ на келнерката и помогнете некому секогаш кога можете! Бидете добри со другите за да видат децата дека сте добри и не заборавајте да одвоите малку време за да му го објасните на вашето дете влијанието на вашите постапки секогаш кога можете.

Држете ги до повисоки стандард

Кога му давате изговори на вашето дете велејќи дека нешто е типично „како за момчињата“ или „како за девојчињата“, вие ја испраќате пораката дека овие однесувања се прифатливи и можеби дури и достојни за награда. Никогаш не толерирајте го вашето дете ако ги задева другите деца и никогаш не заборавајте дека однесувањето, на пример, да не ја поканите „чудната“ девојка од одделението на роденденската забава или одбивањето игра со дете кое носи „погрешна“ облека, може да прерасне во долготрајни исклучувачки навики.

Осигурете се дека вашето дете ја разбира вредноста на секое човечко суштество – и на секое живо суштество воопшто

Ако тој или таа знае дека СИТЕ се вредни и заслужуваат добрина – вклучително и самите тие – тоа ќе придонесе за развој на достоинство и самопочит.

Автор: Лесли Сол

Извор



912

X