Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, често зборува за мајчинството. Ова се неколку нејзини прекрасни цитати:

„Се чувствувате малку меланхолично што тие никогаш повеќе нема да бидат малечките деца што ви седеле во скутот и го слушале секој ваш збор и ве гледале со обожување. Тие денови завршуваат“.

„Да се биде мајка, значи да се совлада вештината за пуштање/ослободување. Колку и да се обидуваме, има многу нешта што не можеме да ги контролираме… Како мајки, едноставно не сакаме никој да ги повреди нашите деца. Но, животот има други планови“.

„Мајчинството ме научи дека во поголемиот дел од времето моја задача е да им дадам простор на децата да истражуваат и да се развијат во луѓето што сакаат да бидат“.

„Мојата надеж е дека како родители, за нашите деца го правиме она што не можеме да го пронајдеме за да го направиме за нас“.

„Ги сакам нашите ќерки повеќе од сè на светот – повеќе и од самиот живот. И додека тоа можеби не е нешто што луѓето сакаат прво да го слушнат од едуциран адвокат, тоа е навистина она што сум“.

„Сега гледам колку е важна слободата за сите деца, особено за девојчињата со сопствен жар – жар кој светот можеби се обидува да им го згасне. Знам дека не е секоја девојка како мене, вклучително и моите ќерки“.

„Со секој наш кажан збор, со секоја наша постапка, знаеме дека децата нè гледаат. Ние, како родители, сме нивните најважна примери“.

„Можеме да направиме многу и со помалку и мислам дека тоа е важна лекција која сакам моите деца да ја разберат. Бидете благодарни за она што го имате и бидете подготвени да го споделите кога за тоа ќе дојде време“.

фото извор: usatoday.com

„Кога таткото вложува многу часови во работата, тој е пофален дека е посветен и амбициозен. Но, кога мајка останува до доцна во канцеларија, таа понекогаш е обвинета дека е себична и дека ги занемарува своите деца“.

„Тие се првото нешто на кое помислувам кога се будам и последното нешто на кое помислувам кога си легнувам“.

„Се потрудивме да им обезбедиме одговорности, па така направивме договор и правила дека куќните помошнички нема да ги чистат собите на девојчињата, туку тоа ќе го прават самите и затоа си имаат одредени свои обврски“.

„Кога имате деца, мора да бидете добро организирани за да постигнете сè. Научив дека ако не се ставам себеси на листата со приоритети, моите деца со текот на време ќе паднат подолу на листата“.

„Не можете да бидете толку исплашени дека животот ќе ги скрши и дека не сте ги подготвиле за животот. Понекогаш стравот нè сопира да ги пуштиме децата во суровиот студен свет“.

Автор: Кејси Суглиа

Извор



912

X