Родителството е прекрасно, но и тешко, а најтешко е да се признае дека не постои единствен рецепт за да се биде добар родител. Во морето од совети, кои денес благодарение на социјалните мрежи се попристапни од кога било, една мајка го открила најдоброто што го слушнала од пријателка која исто така е мајка.

Зборувајќи за вообичаените теми, блогерката и мајка Пети во еден момент од блиска личност слушнала нешто што ја натерало да размислува, како што објаснува на својот блог.

– Пред сè, ние треба да бидеме такви луѓе какви што би сакале бидат нашите деца во иднина. Тие секогаш повеќе ќе ги имитираат нашите дела отколку да ги слушаат нашите зборови – пишува таа.

Можеме да се обидеме да ја скротиме природата на нашите деца, но како реагираме на стрес и фрустрација?

Додека им кажуваме на нашите деца да се грижат за чувствата на другите луѓе, како ние се однесуваме кон другите? Не се работи само за односот со децата и меѓу сопружниците, туку важно е и како се однесуваме со случајните минувачи, касиерите во продавницата, како зборуваме за другите возачи во сообраќајот додека децата се со нас во автомобилот, какви коментари даваме за нашите колеги или шеф и слично. Можеме да им кажеме на нашите деца да бидат љубезни, трпеливи и внимателни, но како се однесуваме кога мислиме дека не гледаат?

Најдлабоките прашања за родителството не се за удирање дете, викање на детето, користење платнени пелени или пелени за еднократна употреба, доење или користење адаптирано млеко, каков е нашиот став за пцуењето, голотијата, слатките и слично.

Родителството значи постојано да работите на себе и да ги менувате оние делови од вашата личност кои бараат работа и напредок, а дури потоа да ги воспитувате децата и да ги насочувате кон она што во нашите срца веруваме дека е правилно, вели Пети.

Значи, работите се едноставни. Бидете такви луѓе какви што сакате вашите деца да бидат еден ден.

Извор



912

X