Вечерата е важен оброк за секое дете, но родителите треба внимателно да изберат што ќе биде последниот оброк во денот за да избегнат стомачни проблеми во текот на ноќта кои ќе му го нарушат сонот на детето.

Нутриционистите даваат неколку предлози за оброк пред спиење кој е здрав, полн со хранливи материи, но и лесно сварлив за да не го оптоварува желудникот и системот за варење на детето. Еве што ви предлагаат да му дадете на вашето дете за вечера:

Овесна каша со млеко

Млекото треба да има најмалку 2,5 проценти млечни масти бидејќи помага во апсорпција на калциум и протеини, а е добар извор на витамини А и Д. Можете да додадете и малку банана во овесната каша.

Варено јајце со парче леб од цело зрно

Ова е одлична опција за детска вечера бидејќи заситува, полна е со протеини и не го оптоварува варењето.

Тост од леб со цели зрна и туна

При изборот на туна за вечера, подобро е да изберете туна која е во сопствениот сок, а не во масло.

Зеленчук

Зеленчукот е секогаш одлична опција! Можете да го користите во форма на салати, супи или едноставно варен и сечкан. Секако, свежиот зеленчук, како што се краставиците, доматите, слатките пиперки, морковите, подготвен како салата е добар избор за вечера.

Извор



912

X