Мајките со новороденчиња веројатно се еден од најчесто јавно коментираните феномени во денешното општество. Добронамерните набљудувачи, семејството и пријателите едноставно не можат да одолеат, а да не дадат неколку мудри совети кога е во прашање бебето и како треба да се завршуваат обврските, односно како тие ги извршувале.

Џесика Офер, мајка на четири ќерки, издвоила седум најчести реченици што новите мајки ги слушаат, но и своите предлози за одговори и реакции со оглед на тоа дека низ слични ситуации поминала безброј пати.

„Бидејќи родив четири девојчиња, дефинитивно се наслушав добронамерни совети и бесмислени прашања, па одлучив да ги издвојам оние најчестите и своите одговори на нив.

1. Дали е добро бебето?

Извинете, постојат ли злобни или лоши бебиња? Општо е познато дека на новороденчињата им треба малку време да се приспособат на новиот живот надвор од мајчината утроба, така што ова прашање нема смисла. Кога некој ќе ти постави слично прашање, совршениот одговор е: Не се ли сите бебиња вистински благослов?

2. Спие ли?

Мојот предлог е само да го прескокнеш дијалогот и да преминеш веднаш на одговорот со: Да, навистина! Со овој одговор ќе се поштедиш од објаснувања дека за едно новороденче е сосема нормално да не ја преспие целата ноќ и дека будењето во текот на ноќта е всушност биолошки императив за раст и развој на бебето. Исто така, можеш да се поштедиш од слушање на сите видови магични решенија за „проблемите“ кои секако, со текот на времето, сами од себе ќе се решат.

3. Можам ли да го земам/прегрнам?

Некогаш ме навредуваше вообичаеното очекување дека така лесно би го предала своето новороденче на кој било, па едноставно додека бевме надвор детето го чував во количка или носилка. На тој начин луѓето беа задоволни да му се воодушевуваат на бебето на пристојна оддалеченост. Од друга страна, ако сакаш пауза, сама ќе го предадеш бебето некому.

4. Колку често јаде?

Вистина е дека не е важно колку често јаде новороденчето. Доколку бебето има неограничен пристап до млекото со кое го храните, сè е во ред. Едноставен одговор: Колку што му е потребно.

5. Ќе ги цениш/ќе ти недостигаат овие моменти

Да, можеби ќе го правиш тоа. Меѓутоа, ако твоето бебе е нервозно, воопшто не спие и слично – тогаш не е сè така величествено и сосема е нормално доколку едвај чекаш да поминат.

6. Внимавај да не создадеш некои лоши навики

Ова секогаш ми била забавна реченица бидејќи изгледа дека постои тоа погрешно сфаќање дека бебињата во својата суштина се мајстори-манипулатори кои едвај чекаат да им ги нафрлат своите трикови на ранливите, лековерни родители. Сериозно? Кај новороденчињата однесувањето е инстинктивно, под влијание на нивните индивидуални карактеристики и биолошки потреби. Едноставно ќе го правам тоа што мислам дека е правилно за нас – ова е одговорот што ги давав, во комбинација со одредени изрази на лицето и очигледно превртување на очите.

7. Спиј кога спие бебето

Ова е најчестата реченица што ја слушав откако ја родив првата ќерка. Генијална идеја, зарем не? Меѓутоа, не е толку практична. Понекогаш кога бебето спие, немаш друг избор освен и самата да спиеш бидејќи веќе не можеш да гледаш од умор. Но, понекогаш е убаво да се прават и други работи кога спие бебето, како одење во тоалет, туширање, јадење оброк со две раце, гледање серија бидејќи едноставно тогаш можеш. Сепак, една моја мудрост за крај: што и да правите, немојте да извршувате домаќински работи додека бебето спие. Секогаш ќе има уште домаќински задачи што ќе треба да ги направите и затоа немојте да го трошите своето скапоцено време. Чоколадата и лежењето на каучот гледајќи ја омилената серија се еднакви на извршување на домашните задачи во овие моменти. Сериозно.

Извор



912

X