Капењето на бебето секогаш изгледа како нешто што треба да биде многу едноставно: го ставате бебето во топла вода, нежно го миете и потоа повторувате сè по неколку дена. Но, како и сè друго, постојат различни митови поврзани со капењето деца, а за да биде поедноставно, на порталот „Фадерли“ има листа со најчестите митови за капење деца на кои повеќе не треба да им се верува.

Детето треба да се капе секој ден

Доенчињата имаат минимални потреби за капење. Не треба да се ставаат во вода додека не падне папокот (тоа трае околу десет дена). Во меѓувреме, детето се брише. Кога тоа ќе помине, доволно е да го капете детето два-три пати неделно. Кога ќе дојде времето за спиење во креветче, децата можат да се бањаат во големата када или туш-кабина (во корито), а капењето зависи од активноста на детето. Иако секојдневното капење нема нужно да ѝ наштети на кожата на детето, важно е да се забележи дека нечистотијата е генерално добра за развој на имунолошкиот систем. Затоа, најдобро е родителите сами да проценат колку често треба да се капе детето.

Децата не треба да ги користат козметичките производи на родителите

Идејата дека на децата им требаат специјални производи е еден од митовите што ги измислиле итрите трговци. Децата користеле сапун долго пред знакот „без солзи“. Современите производи за лична нега се полни со хемиски состојки кои веројатно не се добри ниту за мали ниту за големи. Ако купувате сапуни и шампони кои се погодни за сите членови на семејството, побарајте верзии без мирис кои се многу понежни. Исто така, нема потреба да купувате различни пасти за заби. Само ограничете ја количината на паста на четката за бебиња – големина на зрно ориз за деца под три години, големина на зрно грашок за деца над три години и проверете дали има флуор. Се разбира, родителите можат да купуваат производи за деца. Сè е во ред со нив, но важно е родителот да не се чувствува принуден да го стори тоа.

Не треба да ги чистите играчките за капење

Играчките за капење се повалкани отколку што мислат повеќето родители. Особено гумените играчки што прават звуци, а тоа е така затоа што водата треба да влезе во нив за да можат да ги забавуваат децата. Сепак, тоа е идеално место за создавање мувла, која родителите не ја сакаат во близина на нивните деца. Накратко, важно е редовно да се чистат сите играчки со кои се капе детето. Тоа може да се постигне со исцедување на вишокот вода, а добро е да се наполнат со раствор од топла вода и оцет, а потоа да се остават да стојат десетина минути и добро да се измијат.

Детето треба веднаш да се извади од кадата доколку мокри

Доброто кај урината е што е релативно чиста во споредба со другите телесни течности. Исто така, урината се разредува во вода кога детето уринира во када, а родителите потоа се загрижени бидејќи имаат чувство дека детето е многу валкано. Сепак, можеби е најдобро бебето да уринира пред да влезе во кадата. Ако се случи да биде толку опуштено што ќе се измочка во водата, извадете го од кадата, пуштете ја водата и турете нова. Така ќе се чувствувате подобро.

Родителите не треба да се капат со децата

Малку е веројатно дека детето ќе биде ментално оштетено ако ги види родителите голи, дури и ако се капат заедно во када или под туш. Всушност, тоа дури може да му помогне на детето да го разбере своето тело и начинот на кој тоа функционира. Се разбира, ако родителите не се чувствуваат удобно кога се голи пред своите деца, малку нешта може да ги убедат во спротивното. Можеби голотијата ја ставаат во контекст на сексуалноста, но децата не гледаат на тоа така, дел од телото за нив е дел од телото. Сепак, родителите што се капат со своите деца треба да внимаваат на знаците што ги покажува детето, дали му е непријатно или бара приватност. Ова ќе биде добар знак дека е време да се прекине со оваа практика.

Децата од претшколска возраст можат да бидат без надзор

Децата што имаат една-две години може да изгледаат независни и разумни, но кога станува збор за самостојно капење, ќе помине уште една година пред тие навистина да бидат независни. Иако детето може самостојно да шета низ дневната соба, тоа не значи дека не треба да се внимава. Најдобро е да се грижите за детето додека не може самото да се капе. Оваа возраст ќе биде различна за секое дете, но децата до пет години треба да бидат под надзор.

Автор: Карина Шиждрак

Извор



912

X