Игротека

Најчестите лаги на родителите

Секој родител, во име на доброто родителство, сака да се користи со мали, „бели“ лаги. Но, кои се најчестите?

1. Шеќерот те прави хиперактивен

Истражувањата покажале дека однесувањето на децата не се менува без разлика дали се хранеле со шеќери или не.

2. Ако ја голтнеш гумата за џвакање, ќе ти остане во стомакот 7 години

Поради ниските хранливи состојки, од „Јејл сајентифик“ потврдиле дека гумата за џвакање ќе биде надвор од вашето тело за најмногу седум дена.

3. Не смееш да пливаш откако ќе се најадеш

Од клиниката „Мајо“ е потврдено дека не постои апсолутно никаква научна основа за оваа теорија. Јадете што сакате и скокајте во вода без грижа.

4. „Крцкање“ на прстите

Експертите на „Харвард“ направиле неколку истражувања со кои го споредувале степенот на артритис меѓу луѓето што никогаш не ги „крцкале“ прстите и оние што со години го правеле тоа, па откриле дека нема зголемен ризик од појава на болеста кај вторите.

5. Гледањето телевизија одблиску го расипува видот

Според мислењето на експертите во центрите „Вил Вилсон и Ласер“, гледањето телевизија не предизвикува трајно оштетување на видот. Сината светлина што излегува од екраните може да предизвика напрегање на очите, но тоа е само привремена состојба.

6. Морковот е добар за видот поради витаминот што го содржи

Ова зависи од кој агол гледате на нештата. Витаминот А му помага на вашиот вид, но морковот го нема во себе. Има бета-каротен, кој потоа телото го претвора во витамин А.

7. Годишно голтаме седум пајаци

Американските научници потврдиле дека веројатноста да се случи ова некогаш во животот е еднаква на нула, па така може да престанете да се грижите околу тоа.

8. Дедо Мраз

Без разлика дали сакате да признаете или не, целата приказна со подароците од Дедо Мраз е веројатно најпопуларната родителска лага во историјата на лагите.

Поврзани написи

To top