Нежноста и вниманието на кожата на новороденчето игра клучна улога бидејќи неговата мека и чувствителна кожа бара посебна грижа и внимание. Детската кожа е како нежен цвет, пет пати почувствителна од возрасната кожа, додека лојните жлезди сѐ уште не се подготвени за работа. Со оглед на чувствителноста, нивната кожа е повеќе подложна на алергии и иритации. Затоа е важно да користите нежни производи специјално формулирани за најмалите, за да им се обезбеди вистинска заштита.

Секое дете поминува низ нормални промени на кожата во зависност од возраста. Иако повеќето од овие промени се безопасни, важно е да ги забележите и да ја приспособите рутината за нега на кожата, според потребите на секое дете поединечно.

Вообичаени проблеми со кожата на новороденчињата

Милија и теменица се нормални појави кај новороденчињата и обично не бараат посебна нега, туку поминуваат сами. Вообичаени проблеми се егзема и исип од пелените, за кои добро ќе ви дојдат специјалните кремови и лосиони. Разговарајте со вашиот лекар или медицинска сестра за тоа како да ги третирате.

Теменицата е честа, безопасна состојба на кожата што ќе ја препознаете по лушпестата, восочна кора на скалпот на бебето, но може да се појави и на веѓите, очните капаци, носот или зад ушите.

Правилната хигиена на главата на бебето е многу важна. Редовно мијте ја главата со благ шампон за бебиња, а потоа нежно тријте ја со крпа за да не го оставите местото влажно, што е ризик-фактор за формирање теменица, а особено за да се елиминира можноста за дополнителна инфекција со габи или бактерии.

Милиите се ситни бели точки кои можат да се појават на носот, образите или брадата на бебето. Тие се предизвикани од ситни лушпички на кожата заробени на површината. Тие се сосема нормални и обично исчезнуваат сами по неколку недели.

Егземата најчесто се јавува на преклопите на кожата (препони, пазуви) и ретко се појавува пред бебето да наполни неколку недели. Важно е да ги препознаете причините за тоа, како што е сувата кожа, и да ги избегнувате.

Нежните навлажнувачки гелови и специјалните хидратантни лосиони или кремови по капењето треба да помогнат, но исто така е добра идеја да побарате соодветен третман од лекар.

Исипот од пелена е предизвикан од контакт на урината и столицата со задницата на бебето. За да се спречи тоа, важно е редовно да му ги менувате пелените. Имајте на ум дека исипот од пелена може да стане воспалителен и болен ако не се лекува. Не заборавајте да му дозволите на вашето бебе да поминува одредено време без пелена секој ден за да може кожата да дише.

Извор



912

X