Натали Свејн ја сподели својата наградна кутија на фејсбук-групата „Совети и идеи за семејно заклучување“, во која се вклучени награди, како што е останување до подоцна, за нејзините ќерки, 8-годишна и 12-годишна, ако тие ги завршат своите задачи или ако не се расправаат.

Инспирацијата за наградната кутија ја добила од друга личност што објавила слична идеја.

Фото: Facebook

Наградите се комбинација од играчки и ваучери, вклучувајќи и можност да останат будни до подоцна. Им ја дала таа можност затоа што нејзините деца ја посакувале. Покрај тоа, наградната кутија има нивоа, како што се сребрено, златно и бронзено, во зависност од тоа колку децата ги извршуваат задачите.

– Идејата ја презедов од објава во оваа група. Моите деца имаат 8 и 12 години и ми помогнаа да ги изберам наградите. Вклучив неколку примери од она што го има во кутијата, а некои награди мораа да бидат бонови и ваучери бидејќи моите деца сакаа да останат будни до подоцна. Навистина се надевам дека тоа ќе им помогне во мотивацијата. Ви благодарам за идејата – пишува мајката.

Фото: Instagram

Родителите беа импресионирани од идејата.

– Одлична идеја за мали деца. И јас го направив истото со моето дете. Моето петгодишно дете е воодушевено – вели еден родител.

Извор



912

X