Дали некогаш сте играле на дожд како дете? Се сеќавате ли колку прекрасно сте се чувствувале? Ако одговорот е да, постои шанса ова видео објавено на „Твитер“ да ве потсети на тие денови.

Видеото прикажува мало дете кое ужива на дождот. Исто така, неговото однесување ќе ве насмее. Во описот е напишано дека видеото е снимено во Холандија. Сепак, не е јасно кога е првпат споделено.

Детето си стои среде улица. Потоа си игра на дождот. Во еден момент лежи на улицата за да ужива во капките што паѓаат од небото. Досега видеото собрало повеќе од 23 милиони прегледи, а бројките само се зголемуваат. Клипот, исто така, доби повеќе од 1,2 милион лајкови, а споделувањето ги поттикнало луѓето да објавуваат различни коментари.

„Сакам да го направам ова, но јас сум глупав возрасен и луѓето би се загрижиле кога би ме виделе“, напишал корисник на „Твитер“.

„Која е максималната прифатлива возраст за да се направи ова? Прашувам за пријател“, се пошегувал друг.

„Мудроста доаѓа од различни моменти. Возрасните се жалат на дождот, додека децата максимално го користат“, изјавил трет.

„Децата се толку чисти, искрени, реални и интуитивно знаат да бидат свои и да уживаат во секоја минута од животот. Го сакам секое малечко на оваа планета“, коментирал четвртиот.



912

X