Времето што децата го поминуваат пред екран стана една од најинтересните теми во модерното родителството. Некои родители сметаат дека тоа е неизбежен дел од модерниот живот и дека на децата би требало да им се дозволи да истражуваат и да уживаат во електронските уреди. Некои веруваат во образовната и имагинативна моќ на екраните, но сметаат дека е потребно ограничување на времето. Трети се грижат поради изолацијата и зависноста од електрониката и се обидуваат да го сведат времето пред екраните на апсолутен минимум.
Учење за корисноста
Факт е дека електронските уреди се корисни и важни за современиот живот. Нашите деца растат во овој свет и родителите би требало на тоа да гледаат како на можност. Поточно, би било добро да се прифати идејата за дозволување малку повеќе време пред екраните на начин кој ја нагласува корисноста на уредите.
Поттикнување на образовните содржини
Можеби најуверлива била студијата од „Оксфорд“ за времето пред екраните која посочува дека децата што поминуваат еден или два часа дневно гледајќи ТВ или комуницирајќи со помош на дигитални уреди, всушност, постигнуваат повисоко ниво на „општествена и емоционална благосостојба“.
Вложување во филмско искуство
И возрасните имаат проблем со времето пред екраните. Меѓутоа, да може да се изгаснат светлата, да се постави филм приспособен за семејството и да се гледа заедно како во свое приватно кино е магично искуство. Децата го сакаат тоа, сите уживаат во филмовите.

Придружете се на забавата
Еден од најдобрите начини да се уверите дека времето пред екраните е вредно или дури корисно за децата е да им се придружите. Тоа значи да ги научите како да користат одредени уреди или програми, да гледаат симпатични видеа на „Јутјуб“ или да играте игри со нив. Тоа не значи дека треба да го надгледувате секој момент од времето пред екраните. На децата им е потребна слобода за самостојно создавање, истражување и учење. Но, особено кај помладите деца, дел од соодветното ограничено време пред екранот е одличен начин да се уверите дека носи повеќе корист отколку штета.