Воспитување

Начини на кои родителите создаваат мирен и безбеден дом за своето семејство

Многу родители сакаат да создадат мирен дом за своето семејство, но поради сопственото воспитување, често наидуваат на тешкотии во остварувањето на таа цел. Иако можеби изгледа дека тоа треба да дојде природно, создавањето мирен дом е често покомплексно од очекуваното.

Родителите кои уште од мали нозе не ги учеле децата за емоционалната интелигенција, тешко можат да се справат со предизвиците и да останат смирени во тешки ситуации, поради што прерано се откажуваат. Но, постојат едноставни и ефективни начини да го направиме нашиот дом помирна и побезбедна средина за сите членови на семејството.

Јадете оброци заедно

Првиот едноставен начин на кој добрите родители создаваат мирен дом е да поминуваат време заедно со децата при оброците. Студија објавена во канадско списание за наука покажала дека заедничките оброци ја подобруваат самодовербата на децата, училишните перформанси и менталното здравје. Затоа семејствата треба почесто да јадат заедно, дури и ако тоа е само неколку пати неделно. Освен што носат подобри резултати, ваквите моменти поттикнуваат и помирна динамика дома.

Воведете посебни семејни традиции

Без разлика дали се работи за тајно подарување за Божиќ или подготовка на домашни десерти, повеќето семејства имаат барем една традиција. Специјалните семејни традиции ја прекинуваат рутината и помагаат да се создадат заеднички спомени. Според експертот за семејно образование Пацила Ривс, „традициите ги зајакнуваат семејните врски и создаваат побогата семејна историја“.

Родителите треба да изберат традиции кои поттикнуваат поврзување и заеднички моменти, особено за време на празниците. Ваквите моменти остануваат во сеќавањата на децата и долгорочно ги зближуваат со родителите.

Поттикнување отворена комуникација

Отворената комуникација е клучна за развивање хармонични семејни односи. Сепак, на многу родители им е тешко да најдат начин да разговараат со своите деца, особено ако тие самите немале пример за емпатија додека растеле. Според студија од 2020 година, семејната комуникација игра важна улога во психолошкото здравје и целокупната благосостојба.

Психологот Алиша дел Прадо ги советува родителите да практикуваат емпатија за децата да се чувствуваат разбрани. Таквиот пристап може значително да го подобри односот родител-дете.

Креирање редовни рутини

Многу луѓе функционираат подобро со рутина. Според истражувањето објавено во списанието „Лансет психијатрија“, утринската рутина придонесува за подобар сон и ментално здравје. Рутините им помагаат на децата да го регулираат однесувањето и да обезбедат поздрави навики. Иако не е лесно да се создаде рутина која функционира за секого, од клучно значење е да се приспособи на специфичните потреби на секој член на семејството.

Ограничување на несоодветната содржина

Можеби родителите не можат да ги заштитат децата од сѐ, но можат да го контролираат она што е во нивна моќ. Ограничувањето на несоодветната содржина им помага на децата да го задржат чувството на безбедност и невиност подолго време.

Релаксирачки активности со деца

Поминувањето време заедно правејќи релаксирачки активности, како што се боење или медитација, може значително да ја подобри врската родител-дете. Според психологот Дејвид Шварц, ваквите моменти остануваат длабоко врежани во меморијата и создаваат чувство на блискост.

Контролирајте го времето поминато пред екран

Премногу време пред екран може да ги наруши меморијата, учењето и менталното здравје на децата. Родителите можат да им помогнат на децата да го ограничат своето време на уредите, со закажување време за технологија и користење родителска контрола.

Ефикасно решавање конфликти

Конфликтите се неизбежни, но родителите кои развиваат стратегии за нивно решавање создаваат помирна средина. Ова вклучува компромиси, поставување распореди и заедничка работа за да се избегнат тензија и незадоволство.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top