Децата кои најмалку една година посетуваат градинка, подобро се подготвени за нивниот нов предизвик, а тоа е училиштето. Полесно ги прифаќаат училишните обврски, брзо се адаптираат на новата средина и подготвени се да создаваат нови пријателства. 

Воспитувачите и негувателите се клучна алка во процесот на создавањевоспитани и едуцирани генерации, кои ќе ја знаат вредноста на образованието, а сето тоа е главната мисија на  приватната детска градинка Литл Ми. За нив, годината пред поаѓање во училиште е многу значајна и затоа имаат квалитетна предучилишна подготвителна програма, со која децата постигнуваат големи успеси и подоцна се вредни првачиња.

Светскиот ден на образованието беше одличен повод за Литл Ми да го посети училиштето Yahya Kemal College и одблиску да им долови на дечињата како изгледа еден ден поминат во училишните клупи. Секако, за еднодневната посета беа подготвени многу забавни и едукативни содржини.

Посетата се одвиваше во неколку етапи, а за почеток на училишната авантура децата го посетија кабинетот по биологија и имаа можност да дознаат како изгледа човечкиот скелет, срце и мозок. За време на часот наставниците ги „ловеа“ љубопитните детски погледи и даваа едноставни одговори на нивните многубројни прашања. 

Веднаш потоа ги посетија првачињата кои беа одлични домаќини и со широки насмевки ја пречекаа веселата „Литл Ми“ екипа. Во училницата одекнуваше детски џагор, децата се запознаа едни со други, ги разменија своите имиња, а поголемите им го раскажаа своето скромно училишно искуство на помалите.

Наставниците заедно со воспитувачите, за децата од Литл Ми подготвија две одлични игри, кои беа подеднакво забавни и корисни. Во фокусот на првата игра беше интелектуалниот развој на децата со помош на коцки. Потоа следуваше активност по шах, игра која ја подобрува концентрацијата и емоционалната интелигенција, го поттикнува критичкото размислување и со секој испланиран потег во шахот децата ја откриваа моќта на логиката.

Со еднодневната училишна посета, децата научија многу нови работи за училишните часови, за ученичките права и обврски, за образовниот процес,  запознаа нови другарчиња и со сигурност овој ден за нив ќе биде прекрасен спомен.

Целата атмосфера од посетата може да ја погледнете на следниот линк https://www.instagram.com/p/C2fXFi6JO8q/.

(Комерцијална објава)



912

X