Здравје

На тинејџерите им се потребни 10 часа сон

Ако повторно сте го фатиле вашиот тинејџер како спие по 10 часа на ден, немојте да го карате бидејќи приближно толку време му е потребно за спиење. Така тврди американскиот д-р Џоди Миндел, експерт за детскиот сон, кој направил пресметка на која возраст и колку часови сон им се потребни на децата.
– На адолесцентите навистина им се потребни девет до десет часа спиење за да можат нормално да се развијат. Знам дека понекогаш изгледа како непотребно да се излежуваат, но оставете ги, имаат оправдување за тоа – вели Миндел.

Експертот нè уверува дека на децата од предучилишна возраст им се потребни и по 12 часа сон во континуитет. Исто толку би требало да спијат и малите деца на возраст од две до три години, со тоа што би требало да спијат и по еден-два часа во текот на денот. Кога ќе наполнат четири години, не е потребно да спијат во текот на денот, но е важно да имаат доволно часови на ефективно спиење навечер за да растат и да се развиваат нормално.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top