Голем број деца често ги слушаат „мудростите“ на нивните татковци, а тие, пак, на забавен начин ги подучуваат децата за животот.
Да, цитатот од насловот е најчестата фраза со која татковците се обидуваат да се оправдаат кога нивните деца им бараат пари. Друга исто толку честа реченица е „Парите не растат на дрво“.

Интересно е тоа што саркастичните изјави најчесто се поврзани со парите. Оттука лесно може да се види што е важно за татковците, вели портпаролот на „Тwentieth Century Fox Home Entertainment“, кој го направи ова интересно истражување.
Ваквите реченици голем број луѓе ги поврзуваат со нивните татковци (околу 55%), додека 63% велат дека сето тоа го прават на забавен начин. Дури 43% признале дека го копираат својот татко и ги користат неговите најпопуларни фрази, па така, кога доволно ќе пораснат и ќе созреат, почнуваат да ја користат и познатата реченица „Ќе сфатиш кога ќе пораснеш“.

Истражувањето покажало дека мудростите на татковците во принцип не се игнорирани, иако на децата (читај: тинејџерите) некогаш им звучат бесмислено, а дури 73% рекле дека сега, откако пораснале, ги ценат тие совети.

Фрази што најчесто ги користат татковците:

– На што ти личам јас, на банка?
– Парите не растат на дрво.
– Ееех, јас кога бев на твои години…
– Не спијам, само ги одморам очите.
– Еднаш велам, повеќе не повторувам.
– Роден си во кајче? Затвори ја вратата!
– Не презборувај ѝ на мајка ти.
– Ако некој рече да скокнеш од карпа, ќе скокнеш?
– Престани да плачеш или јас навистина ќе те расплачам!
– Немој да ме кажеш на мајка ти.
– Ние како деца бевме благодарни и со едно јаболко, а не како вас…
– Малку тешка работа не му штети никому.
– Ќе разбереш кога ќе пораснеш.
– Планираш да излезеш така облечен?



912

X