Сега кога сте мали и сè уште сте под божиќната магија, се прашувам што ќе запомните од оваа магична сезона. Сега може лесно да се опиете од лижавчињата и топлото чоколадо, празничните филмови и соништата за тоа какви специјални подароци ќе добиете под елката. Како што и треба да се одвиваат работите.

Ги гледам вашите очи како почнуваат да светат кога ќе кажат на вести дека ќе паѓа снег и го чувствувам вашиот ентузијазам кога врескате-пеете „Џингл белс“, а тоа ми носи толкава радост.

Јас се опседнувам со мислата, додека јас и партнерот се внесуваме во празниците, кои делови ќе останат како спомени за нашите деца? Се прашувам дали ќе се сетат на мирисот од колачињата од цимет кои се печат во рерната додека проверуваат што има во новогодишните чорапи.

Се прашувам дали ќе се сеќаваат на моментите кога ме гледаа како ги печам питите по рецепт на баба или шеќерните колачиња.

Се прашувам кога ќе сфатите: „Ох, тоа беше мама која остана до 2 часот наутро да ги пакува подароците на бадниковата вечер“.

Се прашувам дали кога ќе слушнете божиќна песна ќе се сетите на забавните патувања со автомобил барајќи убаво декорирани куќи.

Се прашувам дали некој подарок ќе ви остане во сеќавање, на пример, куќата на Барби која им ја купивме годинава.

Се прашувам дали гледањето празнични филмови автоматски ќе ве потсети на моментите поминати заедно на каучот во дневната соба покриени покрај мене.

Се прашувам дали ќе имате малечко дрво во дворот кое ќе го накитите како новогодишна елка и дали тоа ќе го направите за да ги чествувате спомените од детството.

Се прашувам дали ќе имате разнобојни светилки на елката, бидејќи така правевме кога бевте малечки. Дали ќе им кажете на пријателите, цимерите, партнерите приказни за орнаментите што родителите ги избрале за вас.

Се прашувам дали читањето на „Полар експрес“ ќе ве расплаче, потсетувајќи ве на магијата што некогаш сте ја чувствувале и на тоа колку убав бил тој период од вашиот живот – кога сè било едноставно и исполнето со надеж.

Се прашувам која слика ќе ве потсетува на детството. Се надевам дека спомените ќе ви бидат забавни, возбудливи и магични.

Се надевам дека срцата ќе ви бидат исполнети со љубов, смеа и благодарност. Она што ќе го сфатите еден ден е дека она што е проткаено низ тие спомени со колачиња, гледање филмови, пеење празнични песни – тоа сум јас.

Јас ги смислив идеите за украсите, ви читав книги, правев листа со подароци и купував. Јас сум креаторот на магијата. И тоа затоа што сакав.

Сакав да бидам вклучена во целата возбуда, сакав да бидам новогодишното џуџе за нашето семејство. Некогаш претерував, но она што го сфатив како што станав постара е дека – клучот е во едноставноста.

Специјалните книги, семејното пеење песни, мирисот на цимет во домот – тоа е она што е важно. Тоа се работите, претпоставувам, на кои ќе се сеќавате со љубов во иднина.

Едноставните работи се уште поважни годинава. Оваа година беше сè само не едноставна, генерално кажано. Радост и загуба, среќа и болка – живеење живот во свет кој беше превртен наопаку.

Па кога нашите деца ќе се сеќаваат на празничната сезона 2020 година, се надевам дека ќе се сетат на едноставните, клучни чувства и факти. Се надевам дека ќе ја чувствуваат љубовта која ги опкружува. Се надевам дека ќе се сетат оти биле заедно дури и кога светот бил малку чуден.

И се надевам дека нивните срца ќе се осветлат со магијата на нивното детство уште еднаш.

Автор: Колин Темпл

Извор



912

X