Со започнувањето на новата учебна година, родителите, меѓу другото, ги чека и набавка на ранец за своето дете. Затоа лекарката-физијатар и мајка Данијела Рашиќ-Маркота објаснува на што треба да се внимава кога се купува чанта за учениците.
„Родителите треба да внимаваат на големината и тежината на ранецот, да биде ергономски дизајниран и да е изработен од квалитетен материјал. Пожелно е да има доволно прегради и џебови за да се овозможи организирање на училишните работи и рамномерно распоредување на товарот“, објаснува таа.
Исто така, додава дека секој училишен ранец треба да има рефлектирачки ознаки кои обезбедуваат добра видливост во темница, за децата да бидат безбедни како пешаци во сообраќајот.
Тежината на самата торба е многу важна. Според Маркота-Рашиќ, ранецот не треба да надминува 10 до 15 проценти од тежината на детето.
„За жал, тешките ранци се глобален проблем, препознаен во многу земји во светот и се надевам дека во иднина ќе се преземаат сè повеќе мерки за намалување на споменатите проблеми“, вели лекарката.
Ако детето носи несоодветен ранец, без разлика дали се работи за неговата форма, материјал или тежина, последиците можат да бидат опасни.
„Несоодветниот ранец може да има влијание врз целокупното држење на телото на детето, да доведе до неправилно оптоварување, непријатност при носење, нарушена рамнотежа и слично. Сето горенаведено може да доведе до болки во рамената, долниот дел на грбот, како и во други делови на мускулно-скелетниот систем, замор и исцрпеност“, заклучува лекарката.
912