Бафи Викс, пратеничка во парламентарното собрание на Калифорнија, се најде на насловните страници во медиумите откако не ѝ било дозволено да гласа преку полномошник и покрај пандемијата на коронавирусот.

Затоа таа одлучила да го понесе своето едномесечно бебе на работа. Таа учествувала на расправата за законодавството која траела до полноќ.

На нејзиниот твитер-профил ја објави фотографијата на која ја држи ќерка си Ели пред закажаното рочиште на кое одлучи да учествува.

– Да, тука сум (како и Ели) – напиша мајката, алудирајќи на забраната за гласање од далечина или гласање со полномошник.

Нејзиниот портпарол објаснува дека нејзиното барање било одбиено со објаснување дека породилното отсуство не ги исполнува условите за гласање со полномошник. Гласањето со полномошник, кога друга личност гласа во име на друг кој не може да биде присутен, мора да биде одобрено од претседателот на Собранието, Ентони Рендон, а членовите што ги исполнуваат условите мораат да бидат во повисок ризик од Ковид-19, според правилата донесени ова лето.

Неговата одлука наиде на многубројни осуди од јавноста, но и остри критики од другите политичари. Случајот го коментирала и Хилари Клинтон. Во меѓувреме Рендон одлучил да се извини.

Извор



912

X