Породувањето е природен феномен уште од самите почетоци на човештвото. Но, кога ќе помислиме на породување, најголем дел од нас замислуваат болница со лекари, медицински сестри, лекови против болки… Сепак, породувањето во болница е релативно нова работа. Жените порано се породувале каде што можеле и каде што ќе стигнеле, а нивниот дом била најудобна опција.

Сепак, за овие жени болницата и не била баш опција со оглед на тоа што не можеле да стигнат навреме. Ви ги претставуваме најчудните места каде што се породиле некои жени.

10. Во лоби на станбена зграда

Легендата на шоуто „Сатрдеј најт лајв“, Сет Мејерс, открива дека неговата сопруга Алекси Еши го родила нивниот втор син среде лобито на нивната станбена зграда. Всушност, две години подоцна, првиот син на Мејерс за малку ќе се родел во такси на „Убер“. Но, успешно стигнале до болницата.

Вториот пат немале толку среќа, па неговата сопруга се породила во лобито. – Се јавив во 911 и во текот на тој едноминутен разговор им реков: „Ќе се породи, ќе се породи… Се породи!“

9. Во убер-такси

Апликацијата за такси, „Убер“ е една од најкористените услуги во последно време. Сепак, иако тие се евтина опција за превоз, не се баш идеално место за породување. За жал, Ерика Давидович немала друга опција кога одеднаш сфатила дека почнува да се породува и дека мора брзо да стигне до болница. Затоа повикала убер-такси за да ја однесе во болница. Влегла во автомобилот и пет минути подоцна се породила.

8. Во лифт

Заглавувањето во лифт им причинува страв на многумина, особено кога треба да одите некаде или треба да родите бебе. Затоа, можете да замислите низ што минувала еднаш жена (која почнала да добива породилни болки) кога сфатила дека лифтот заглавил.

За среќа, лифтот се наоѓа во болницата и таа била во него со бабицата и неколку медицински сестри. За жал, таткото на бебето бил заглавен на другиот кат и не можел да присуствува на породувањето.

7. Среде авионски лет

Летањето и не е баш забавна активност и претставува страшно искуство за многу луѓе. Последното нешто што би го сакале е да се породите сред лет без лекар или медицинска сестра. За Кристина Пентон, тоа било реално сценарио додека летала со авиокомпанијата „Сирит ерлајнс“. Да, додека летала, Пентон одеднаш почнала да се породува иако била во 36. недела. За среќа, во авионот патувале медицинска сестра и педијатар, кои помогнале при породувањето.

6. Во бањата во ресторан

Иако бањите од рестораните и кафулињата се последното место каде што една бремена жена би сакала да се породи, Фалон Грифин немала друг избор. Додека одела кон болницата, знаела дека нема да стигне навреме, па донела храбра одлука да застане во ресторанот „Чик-фил-еј“, да ја искористи бањата и таму да се породи.

5. На дрво

Во 2000 година Мозамбик бил погоден од обилни врнежи од дожд кои траеле пет недели. Дождот предизвикал една од најголемите поплави во историјата, одземајќи го животот на 700 луѓе и 20.000 животни. Поради поплавите, семејствата од целата земја се качувале на дрвјата за да преживеат.

Една од нив била и бремената Каролина Критндаза, која заедно со семејство се качила на дрво за да избега од водите во кои пливале крокодили. Додека била на дрво, родила здраво девојче. Раѓањето привлекло големо внимание низ светот, па подоцна пристигнале многубројни донации за Каролина и нејзиното семејство.

4. Во „Волмарт

Во 2016 година, токму кога требало да плати, една жена почувствувала дека почнува да се породува. Сфаќајќи што се случува, веднаш ги алармирала вработените и замолила да викнат брза помош. За жал, брзата помош не била доволно брза, па жената се породила на каса.

3. Во сон

Верувале или не, една жена успеала да се породи додека спиела. 23-годишната Алис Пејн претходно се сомневала дека добила породилни болки, па отишла во болница. Во болницата ѝ било кажано да лежи и да одмори затоа што било рано за породување. Затоа таа одлучила да дремне. Се разбудила неколку часа подоцна со новороденче.

2. Во такси во Њујорк

Во 2017 година Шантал Мекена имала контракции веќе 24 часа. Откако контракциите почнале да се јавуваат на неколку минути, знаела дека е време да оди во болница. Таа му се јавила на сопругот, ги зела потребните работи и заедно викнале такси. За жал, сообраќајот во Њујорк бил прилично густ, па таксистот не можел навреме да стигне во болница. Мекена се породила на задното седиште.

1. Во дувло на лав

Од сите места во светот, дувлото на лавот веројатно е едно од последните што би ги одбрале за да го родите вашето бебе. За жал, ова ѝ се случило на 32-годишната Мангубен Маквана, која се породила во засолниште за диви животни.

За среќа, Маквана се наоѓала во амбулантно возило, кое влегло во засолништето откако сфатило дека е предоцна да ја однесе во болница. На крајот, и мајката, и бебето, и персоналот од брзата помош, како и лавовите, сите биле добро.

Извор



912

X