Спасувањето повредени или напуштени животни е една од најдобрите работи што можеме да ги направиме и доживееме. Посебната врска што ја создавате со овие животни ја смирува човечката душа и ја лекува психата.

Едно засолниште за животни во Тексас го прифаќа концептот „Кој кого спаси?“

„Сејф ин Остин“ е идеја на Џејми Валас-Гринер. Проектот се оформил додека таа ја набљудувала интеракцијата помеѓу нејзиниот аутистичен син и неговото куче-помошник Ејнџел.

– Отсекогаш сме сакале животни, но кога Ангел му се придружи на нашето семејство, стана јасно како љубовта кон животното буквално може да биде чудесна. Ангел му даде на мојот син самодоверба и сила повеќе од сето она што можев да го направам како негова мајка. Таа му обезбеди заштита од неговите стравови, разбирање на неговите мисли и моќ над неговата попреченост – вели таа.

Знаејќи дека еден од најтешките емоционални предизвици за децата со посебни потреби е тоа што не можат да се вклопат со врсниците, Валас-Гринер и нејзиниот сопруг Дејвид Гринер одлучиле да купат стар ранч во Леандер, Тексас, и да го претворат во засолниште за животни и центар за рехабилитација.


Но, покрај тоа, одлучиле да биде и засолниште за деца со посебни потреби, попреченост, проблеми со менталното здравје и деца со историја на емоционални трауми.

Гринер вели дека нивната мисија е да ги спасат животните од сериозно малтретирање или запоставување, да ги рехабилитираат и да ги вратат дома оние што се во можност, а да им понудат безбеден дом на другите.


– Откако ќе заздрават, им ги носиме на децата што имаат слично потекло на злоупотреба/занемарување или посебни потреби. Така животните и децата формираат безусловно пријателство и јасен пример за она што најмногу го бараат – надеж – вели Гринер.

Со текот на годините, како што се обновувал ранчот, популацијата на животни се зголемила и вклучува кокошки, свињи и кози, од кои многу се со посебни потреби.

– Имаме животни што се слепи или глуви, имаат дијабетес, церебрална парализа, деформитети, немаат екстремитети… сите стануваат дел од нашето семејство – вели Гринер.

Извор



912

X