Додека некои деца природно се препуштаат на секојдневното читање, други сметаат дека таа активност е мачна или напорна. За оние деца што не сакаат да читаат, неопходно е да се најдат начини да им се помогне барем донекаде да ја усвојат оваа навика за да можат да продолжат да ги развиваат своите вештини и да станат подобри во разбирањето на значењето на зборовите.

Децата што уживаат во читањето и го практикуваат почесто имаат подобро општо знаење, поширок вокабулар и подобри резултати на тестовите од оние што не читаат ништо друго освен она што се дава на училиште.

Изградете тврдина за читање

Сите деца сакаат да градат тврдини. Затоа, помогнете им да изградат свое посебно место за читање. На ова место тие можат да создадат свој свет на имагинација, со работи кои им даваат чувство на удобност и задоволство, да усвојат добри навики со книгата.

Прочитајте ја книгата, па погледнете го филмот

Многу често децата гледаат филм несвесни дека постои книга според која е снимен тој филм. За да го промените тоа и да им дозволите да утврдат дали некоја книга или филм прикажува подобра приказна, посочете им некои наслови и насочете ги да читаат книги, а потоа заедно да го гледате филмот. Разговарајте за тоа што им се допаднало повеќе и колку добро визуелниот пристап што го дава филмот се вклопува во она што детето го замислило додека ја читало книгата.

Читање на помлад брат или сестра

Кога постарите браќа и сестри одвојуваат време да им читаат на своите помали браќа и сестри, таквото квалитетно време е предност за сите. Постарите деца ги практикуваат своите вештини за читање и разбирање, додека помалите браќа и сестри го прошируваат својот вокабулар и препознаваат зборови и концепти.

Вдахнете им живот на ликовите од книгите

Кога книгите ќе се оживеат преку искуства кои создаваат спомени за цел живот, читањето станува многу позабавно. Постојат различни начини да им се овозможи на децата да го искусат она што го доживеал главниот лик во романот. И кога децата ќе развијат лична врска со она што го читаат, поверојатно е да продолжат да читаат книги за да се впуштат во друга имагинарна авантура.

Извор



912

X