Се верува дека синовите треба помалку да се галат и од нив се очекува да бидат јаки.

Иако длабоко навлеговме во 21 век, длабоко е вкоренето верувањето дека машките деца треба од мали нозе да се воспитуваат поцврсто. И тоа не само на Балканот, туку и во остатокот од светот. Значи, се верува дека синовите треба помалку да се галат, да не плачат, да бидат борбени и силни.

Сепак, науката вели поинаку, односно сосема спротивното. Неодамнешната студија открива дека момчињата, во првите години од својот живот, треба да бидат третирани со повеќе нежност и сочувство отколку девојчињата.

Зошто е потешко да се воспитуваат момчиња?

Прочуениот невропсихолог Алан Шор од Америка го претстави новото истражување кое докажува дека десната хемисфера на мозокот се развива побавно кај момчињата отколку кај девојчињата. Што значи тоа? Па, најпросто кажано, момчињата се помалку чувствителни на звуци и на лицата кои ги опкружуваат, што може да ги направи покомплицирани и „потешки“. За нив е потешко да го толерираат стресот и помалку се отпорни на невропсихијатриски нарушувања, како што е нарушувањето на вниманието, аутизмот… кои се манифестираат во раното детство.

Затоа, момчињата кои имаат построги мајки, кои од малечки се воспитуваат со цврста рака, без многу емоции, стануваат поанксиозни, што потоа влијае врз формирањето невронски врски во мозокот, одговорни за самоконтрола и социјализација. Лекот за тоа е нежна, цврста врска меѓу синот и мајката, заснована на разбирање и исполнување на детските потреби за љубов и блискост. Ова има огромно влијание врз развојот на мозокот токму во првата година од животот.

Четири совети од Алан Шор за родителите:

– Не одвојувајте ги синовите од мајките по раѓањето. Раздвојувањето од мајката веднаш по породувањето предизвикува огромен стрес кај сите деца, но за момчињата е исклучително важно бидејќи кај нив се забележува нагол скок на хормонот на стресот (кортизол). Ако подолго се раздвоени од мајката, па високото ниво на стресот се одржи некое време, тоа може да има сериозно влијание врз развојот на мозокот и здравјето на детето.

– Поминете го со својот син цело породилно отсуство или најмалку до првиот роденден. Во овој период, момчињата се најранливи.

– Не бидете строги кон нив, особено не во првата година од животот. Избегнувајте стрес, пристапувајте им со трпение, бидејќи тие многу добро ги забележуваат негативните емоции. Не бранете им да плачат и не засрамувајте ги поради тоа. Не оставајте ги сами кога плачат, макар и сами да се виновни за тоа. Тие тогаш страдаат и потребна им е потврда дека заслужуваат љубов. Често гушкајте ги, галете ги, бакнувајте ги.

– Особено негативно влијание врз малите момчиња може да имаат надворешните токсини (фенолот, на пример). Кај нив тие можат да направат сериозен проблем токму во развојот на десната хемисфера. Иако можеби се чини параноично, но секогаш мора да бидеме внимателни кон сето она што е во опкружувањето на нашите деца.

 

 



912

X