Летниот период е одличен за децата, но е прилично тежок за родителите кои не знаат каде да ги остават децата додека ги извршуваат своите секојдневни обврски.

Барем еднаш во животот секој родител се прашал дали да го остави детето само дома, дури и на еден час.

Што кажува законот за ова и што велат луѓето кои имаат познавање од оваа област?

Не постои прецизен закон

За жал, не постои закон кој кажува од колку години децата може да бидат оставени сами дома.

Во една статија на списанието „Огледало“, Националното друштво за спречување на суровоста кај децата во Велика Британија (НДССД) дава неколку совети во однос на тоа кога е безбедно децата да седат сами дома.

Според нив, децата не треба да бидат оставени сами дома доколку постојат одредени ризици нешто лошо да им се случи.

Родителите одлучуваат

Сепак, последниот збор го кажуваат родителите. Тие најдобро го познаваат своето дете и лесно можат да донесат сопствена процена колку е добро тоа да остане само дома.

Но родителите исто така треба да бидат свесни за владините мерки во врска со тоа колку долго детето смее да биде оставено само.

Безбедноста е најважна

Родителите може да бидат гонети од законот доколку децата ги остават дома на начин на кој им е предизвикано страдање или нарушување на здравјето.

Владата не дава никакви насоки, но предупредува дека законот не дозволува децата да се наоѓаат во опасност додека се сами дома.

НДССД ги дава следниве совети:

– Бебињата и деца до тригодишна возраст не смеат никогаш да бидат оставени сами.

– Децата до 12 години не се доволно зрели да се снаоѓаат и затоа не смеат да бидат оставени сами дома подолго време.

– Децата до 16 години да не бидат оставени сами преку ноќ.

– Доколку децата не се чувствуваат пријатно да бидат оставени сами, најдобро е да не ги оставате.



912

X