Британско истражување, во кое биле опфатени 1.732 лица на возраст од 18 до 39 години, покажало дека мажите сакаат бебе порано од нивните партнерки. Имено, мажот сака да добие дете на 29 години, додека жената смета дека 32 години е идеална возраст за прва бременост.

Анкетата, која ја спроведе веб-страницата „Ваучерклауд“, открива дека мажите сакаат да имаат деца најдоцна до 35 години бидејќи мислат дека потоа ќе бидат премногу стари.

Жените, пак, размислуваат за раѓање до 41 година. Сепак, и двата пола се согласуваат дека идеалниот број на деца е две.

Претставникот на „Ваучерклауд“ истакнува дека улогата на татко е сѐ попривлечна за мажите. Не треба да чуди што мажите повеќе уживаат во татковството и што лесно се справуваат со предизвиците што ги носи родителството.

– Постои огромна разлика на професионален план во однос на претходните години. На жените денес им е важно да градат кариера, особено затоа што раѓањето дете чини многу. Ова објаснува зошто го одложуваат раѓањето – велат од „Ваучерклауд“.

Извор



912

X