Децата во градинките во Германија не добиваат целосно образование бидејќи овие институции не можат да најдат доволно воспитувачи.

Според поразителните податоци, речиси 90 отсто од раководителите на градинките проценуваат дека недостигот на кадар влијае врз квалитетот на образованието.

– Ова се загрижувачки податоци кои јасно покажуваат дека политиката не си ја врши работата. Тоа е повик за помош што ги обврзува да се преземат итни мерки – изјави Томи Нечков, заменик-претседател на Националната асоцијација за образование.

Истражувањето, подготвено за Конгресот на градинките на Германија, покажува дека околу 10.000 градинки во Германија повеќе од половина од времето имале недоволно персонал и не ги исполниле своите обврски кон децата.

Недостигот на воспитувачи во градинките не е проблем само за децата, туку и за вработените, па голем дел од нив се жалат на условите за работа и незадоволството од работата.

Секој четврти директор на градинка во Германија имал барем по еден вработен на одмор во претходните 12 месеци, а како причина се наведува прекумерната работа.

Извор



912

X