Воспитување

На девет години учат за важноста на брза помош, противпожарните служби…

Децата на деветгодишна возраст во Северна Каролина имаат можност да учат за улогата на вработените во јавната безбедност и нивните одговорности, за прва помош, заштита од пожари, и како да реагираат во случај на вонредна состојба.

-Ние навистина сакаме децата да разберат како функционираат службите за итна помош и во кои случаи треба да се заврти на 911 – вели директорот на итната медицинска помош, Скот Струфе.

Брзата помош не е само она што децата го гледаат на телевизија. Тие треба да бидат подетално информирани за тоа како функционираат нештата – додава Струфе.

Децата имаа можност да се запознаат со вработените на нивното работно место и да дознаат повеќе за нивните одговорности.

-Целта е децата да бидат подготвени и да знаат како да реагираат ако некогаш треба да завртат на 911 – додава директорот.

Децата ја прифатиле оваа обука со насмевка на лицето и со голема внимателност го слушале предавањето за важноста на брзата помош.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top