Воспитување

Родителите не мора да се совршени, туку да знаат кои се нивните вредности

Да се биде добар родител не е нешто што се подразбира само по себе. Но ако ги воспитуваме нашите деца автентично и со своето срце, користејќи соодветна образовна практика, ќе ни биде полесно да го најдеме својот пат во односот со децата.

Лидерство

Данскиот психолог Џаспер Џул ја објави книгата „Како да се биде лидер на волците“, која се занимава со промени во пристапот на воспитувањето на децата.
Лидерството им е неизмерно потребно на децата, но тоа не е лесно да го постигнат родителите. Најважен фактор, според Џаспер Џул, е личниот авторитет, кој мора да се заснова на чувството на сопствените вредности, самопочитта, самодовербата и способноста на родителот да ги разбере личните вредности и граници.
Не е добро родителите критички да зборуваат за себе и да се чувствуваат беспомошни. Можеме да подигнеме здраво дете само ако се чувствуваме способни и достојни, а не беспомошни. Степенот до кој детето развива чувство на вредност е целосно зависен од родителското лидерство.

Учење на одговорност

Пред да почнеме да го учиме детето да биде одговорно, важно е да станеме одговорни најпрвин за себе, смета Џул. Ако детето нè налути, одговорно би било во таква ситуација да покажеме кои сме ние (ако сме лути, тоа и да го покажеме) и да кажеме: – Ова што го направи многу ме налути. Меѓутоа, поважно е да ја разберете вашата лутина и да не му создадете чувство на вина на вашето дете. Ова не значи дека не треба да го решаваме проблемот што се појавил, важно е да разговараме за тоа како му е на детето и како се чувствуваме ние, а потоа да бараме решение. Тоа е тајната на успехот!

Граници во воспитувањето

– Денес постојат два типа родители што запаѓаат во неволја. Родителите што се обидуваат да ги одржат границите што ги поставиле и родителите што се оградуваат од строгата и авторитарна форма и им е тешко да најдат нови начини. Првата група родители сметаат дека нивните деца се бунтовни и смели, а кај втората група родители децата го преземаат кормилото на семејството и почнуваат да управуваат. Двата примера се деструктивни и нездрави, како за децата така и за родителите – вели Јул.

Како да поставите граници во воспитувањето? Границите не треба да се ставаат како електрична ограда околу децата, туку како лични граници на возрасните. Наместо да се запраша родителот: „Што е најдобро за моето дете?“, треба да се запраша: „Што е најдобро за мене – и како тоа ќе влијае врз моето дете?“ Треба да си го поставиме прашањето кој сум јас и кое е моето дете? На нашите деца не им требаат совршени родители, туку родители што знаат кои се и кои се нивните вредности, заклучува Јеспер Јул.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top