Минатата година истражување во медицинското списание „Педијатрија“ тврдеше дека застрашувачкиот пад на менталното здравје кај децата во САД може делумно да се објасни со недостигот на независна игра. Кога децата не успеваат сами да ги решат проблемите, тие развиваат верување дека немаат контрола врз тоа што им се случува, што им предизвикува депресија и анксиозност. Ефективно, советот беше: испратете ги надвор, без телефони, да најдат други деца со кои ќе си играат.

Полесно кажано отколку направено. 40 години менување на родителските норми нè убедија дека структурираните, надгледувани активности се најдобриот и најбезбеден начин за поттикнување на развојот на децата – а студиите за користење на времето покажуваат дека, во просек, мајките денес трошат два часа повеќе во денот за родителство отколку што тоа го правеле нашите баби.

Затоа, потребно е да си дозволиме да бидеме помалку внимателни родители – за доброто на нашите деца.

Веб-страницата „Ромпер“ ги праша родителите и експертите што им дозволуваат на децата да прават, иако за многумина тоа би било нешто прилично страшно?

Еве ги одговорите на некои од нив.

– Моето 3-годишно дете оди до градинка со тротинет (секако, под мој надзор) – Дори, Лос Анџелес.

– Моето 7-годишно дете од училиште си оди само дома и се гордее со тоа – Џејми, Баварија.

– Мојата 8-годишна ќерка си оди со велосипед од училиште до дома и е горда затоа што сама се грижи за безбедноста и што е одговорна за нешто – Сузан, Орегон.

– Моето 9-годишно дете само се качува на траект. На почеток се плашеше, меѓутоа, сега тоа ѝ стана секојдневна навика – Шелби, Хонг Конг.

– Моето 1-годишно дете само си ги мие забите. Не сака да му ги мијам јас, па едноставно му дозволив тој да го направи тоа онака како што знае и умее – Џесика, Илиноис.

– Мало дете може да се грижи за домашното милениче. Моето две и полгодишно дете им дава да јадат на нашите кучиња и е среќна и возбудена кога го прави тоа! – Бетина, Тексас.

– Моето 2-годишно дете ја полни машината за миење садови. Секако дека му помагам со стаклените предмети и прескокнуваме остри работи, тој е возбуден кога го прави ова – Лиз, Илиноис.

– Четиригодишно дете може само да си го сече овошјето. Најдов безбеден нож за деца. Му одржав неколку лекции пред да му дозволиме да се обиде да ги сече под надзор. Сега, овошјето го сече сам без никаков проблем – Еви, Мериленд.

– Основец може сам да си тури млеко. Токму ова го прават моите деца секое утро. Нормално дека некогаш ќе истурат, но задолжени се и да си го исчистат нередот, така што, повеќе внимаваат – Еви, Мериленд.

– 6-годишно дете може да постави новогодишни украси. Причината што го научив моето дете е затоа што сакам да воспитам момче кое ќе учествува во активностите во својот дом – Рејчел, Њујорк.

Извор



912

X