Воспитување

Никогаш повеќе воннаставни активности, а никогаш помалку задоволства и топлина во домот

Многубројните воннаставни активности ги заменија дружењата на родителите со децата во слободното време, што носи многу лоши последици.

Никогаш повеќе воннаставни активности во животот на децата, а никогаш помалку задоволства и топлина во домот – тврди американскиот педагог Мајкл Вejс.

Врз основа на искуството во работата со училишните деца тој заклучил дека децата сѐ повеќе стануваат жртви на амбициите на своите родители, кои имаат големи очекувања, но не и време за нив. Затоа и ги запишуваат на што повеќе часови по странски јазик, спортски активности, музички содржини, мислејќи дека со тоа ќе го компензираат отсуството од дома.

– Меѓутоа, децата со тоа не го добиваат она најважното – љубовта, вниманието и топлината, па не можат да бидат вистински задоволни и среќни колку и да се успешни во спортот или музиката – тврди Вejс.

– Затоа потрудете се наместо да им нудите скапи содржини, пред сѐ, да им дадете внимание, разговор и блискост. Во спротивно, вашите деца ќе пораснат во несреќни и студени луѓе.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top