Воспитување

На децата им требаат родители кои се присутни, внимателни и сакаат искрено да комуницираат

На децата не им требаат совршени родители, туку им требаат родители кои се присутни, внимателни и сакаат искрено да комуницираат. Понекогаш дури и една едноставна реченица може да му обезбеди на детето чувство на сигурност, афирмација и поврзаност, нешто што му е најпотребно во тој момент.

Во деновите кога животот е бурен, емоциите се силни или недоразбирањата се чести, важно е да го потсетите вашето дете дека е видено, прифатено и сакано. Овие пораки не мора да бидат долги или сложени, но можат да остават длабока трага. Имајќи го тоа на ум, психологот и мајка на три деца, д-р Џезмин Мекој, споделила осум реченици кои вашето дете можеби ќе треба да ги слушне денес.

-Жал ми е. Беше во право.
-Обиди се да не се споредуваш со другите. Сите ние сме на свое уникатно патување.
-Не мора да го правиш она што го прават сите други. Можеш да кажеш „не“.
-Нема на сите секогаш да им се допаѓаш и да те сакаат – и тоа е во ред.
-Ајде да се обидеме на твој начин.
-Ти простувам. Знам дека немаше лоша намера.
-Слушај го твоето тело. Ти најдобро го знаеш тоа.
-Важен си и многу си сакан.

-Убавите зборови се храна за душата. Не заборавајте да покажете љубов кон вашите малечки – заклучила доктор Мекој.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top