Игротека

На бебето не смее да му биде жешко, ослободете го од непотребната облека

Од страв дека нивното бебе ќе настине, многу мајки во лето ги облекуваат децата премногу, без да се водат според временските услови. Но, како што ти чувствуваш топлина, така ја чувствува и твоето бебе. Затоа внимавај на правилното облекување.

Голи ножиња и капа на главата е сосема во ред

Размисли: ако тебе ти е жешко во блуза со долги ракави, тогаш и на бебето му е жешко. Не плаши се дека ќе добие воспаление на белите дробови ако го соблечеш. Воспаление не се добива од разголување, туку на друг начин.

Студените рачиња или ножиња не значат дека му е студено. Дали му е претопло, ќе дознаеш ако му го провериш вратчето, главата или под пазувите. Потењето е сигурен знак дека му е топло.

Ослободи го бебето од непотребните слоеви облека и спречи несакани последици. Црвените зрнца, особено во наборите под пазувите, на вратот и пеленскиот дел, се јасен знак дека му е претопло. Освежувај го редовно со миење и бањање. Избегнувај мрсни кремови и пудри бидејќи ги затвораат порите и ѝ пречат на кожата да дише.

Не ја покривај количката

Никогаш не покривај ја количката со ќебенца или крпи затоа што тоа може да доведе до прегревање на бебето.

Летна облека

Летната облека треба да биде лесна, светла и направена од материјали кои добро впиваат пот. Памукот е најдобар избор, додека треба да избегнуваш синтетика. Ако бебето е изложено на сонце при прошетка, стави му капа.

Клима-уред да, но внимавај

Како и тебе, и на бебето ќе му годи климатизирана просторија. Но, температурата во затворено не треба да биде пониска од 20 °C. Ако живееш во куќа и често се движите внатре-надвор, температурата внатре треба да биде само 3-4 °C пониска од онаа надвор.

Исто така, не дозволувај ладниот воздух од клима-уредот директно да дува во бебето.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top