Стравувајќи дека бебето може да настине, многу мајки за време на топлите денови ги облекуваат со дебела облека бебињата и не ги гледаат временските услови.

Голи нозе и капче на главата

Обрнете внимание на облеката на вашето бебе во овој период, бидејќи ако вам ви е жешко со маица со долги ракави, тогаш и на бебето ќе му биде. Не плашете се дека ќе добие пневмонија ако го соблечете (пневмонија се добива на друг начин).

Студените раце или нозе на бебето не се знак дека му студи. Ако сакате да видите дали му е многу топло, проверете го на вратот, главата или пазувите – потењето е сигурен знак дека му е жешко.

Ослободете се од непотребната облека и спречете ги несаканите последици. Ситни црвени дамки на телото на бебето, најчесто на наборите под пазувите, вратот и тилот, се сигурен знак дека му е топло. Затоа, редовно освежувајте го бебето со миење и капење и избегнувајте мрсни креми затоа што ги затвораат порите, спречувајќи ја кожата да дише.

Летна облека

Што се однесува до летната облека, проверете дали е светла, светло обоена, направена од материјали што добро ја апсорбираат потта (памучните материјали се најдобри, додека синтетиката треба да се избегнува). Ако вашето бебе е изложено на сонце за време на прошетка, не заборавајте да му ставите капа или шеширче што ќе го заштити, но нема да го прегрее. Климатизирана просторија ќе му одговара на вашето бебе како и вас, но температурата на воздухот на затворено треба да не е пониска од 20 степени.

Ако живеете во куќа и често го менувате местото на престој (малку сте внатре, малку надвор), температурата на воздухот во затворените простории треба да биде само 3-4 степени пониска од онаа надвор. Исто така, не дозволувајте клима-уредите да дуваат директно во бебето, туку ставете го што е можно подалеку од изворот на ладење.

Извор



912

X