Во денешно време не треба многу за нешто што ќе го објавиме на социјалните мрежи да стане вирално.

Речиси сигурно ќе го препознаете нејзиното лице иако никогаш не сте ја запознале, а не е позната ни славна. Има необичен израз на лицето кој речиси сигурно ќе ве насмее, особено ако е дел од некоја оригинална шега, што меѓу интернет-корисниците е позната како „меме“.

Познатото лице на мало девојче на седиштето во автомобилот стана дел од толку многу мемиња, што е речиси невозможно да не наидете на него.

Станува збор за Клоим Клем, која денес има 14 години и повеќе не личи на тоа девојче. Но, токму таа фотографија ѝ го промени животот, и не само неа, туку и на нејзината мајка Кејти Клем.

Мајката првпат го сподели видеото со двете девојчиња како им кажува дека одат во Дизниленд, а не на училиште, на нејзиниот фејсбук-профил. Иако бројот на прегледи не покажуваше ништо посебно во тоа време, мајката беше прилично изненадена кога нејзините пријателки ѝ рекоа да го провери „Тумблр“, страница за која не ни слушнала порано.

– Се сеќавам дека го видов нејзиното мало лице насекаде. Сфатив дека некој направил скриншот од видеото и направил фотографија на која не сме ние – раскажува мајката.

Тоа и денес би вознемирило многу луѓе, а камоли пред толку години. Токму тогаш им се променил животот на членовите на семејството.

Со оглед на тоа што беа сопственици на оригиналната слика, тие можеа да заработат од злоупотребата. Родителите на Клои добивале барања за различни спонзорства и потпишале договори со различни корпорации. Во 2021 година тие ја продадоа сликата како незаменлив токен за околу 74.000 долари.

– Пред 10 години бевме многу сиромашни. Имавме вистински проблеми. Тие пари буквално ни помогнаа да преживееме една деценија – вели мајката на Клои.

Клои добила можност да патува и да запознае различни луѓе. Некои од нејзините патувања биле дури и финансирани од „Гугл“, носејќи ја на места каде што имала најмногу обожаватели. Во Бразил, на пример, имала свои билборди.

Дури откако Клои станала позната, нејзината мајка продолжила да објавува различни видеа на нивниот јутјуб-канал. Само неколку видеа собрале милиони прегледи, но тоа не ѝ пречело на мајката.

– На почеток беше забавно. На почетокот не барав согласност од моите деца – раскажува мајката.

На крајот, работите излегле од контрола и таа се чувствувала како да нема корист од тоа. Во еден момент ја одбила понудата Лили, нејзината постара ќерка, да биде водителка на емисија на Дизни. Иако сè околу славата на нејзината ќерка и нивното семејство било всушност позитивно и забавно, денес таа не е сигурна дека ја донела вистинската одлука. Нивниот канал бил ставен на долга пауза, а пред шест месеци одлучиле да се вратат. Видеото се вика „Клои се врати и сега таа сама одлучува за сè“, поточно одлучуваат и двете ќерки.

– Мислам дека е тешко кога си родител и ги добиваш сите овие признанија, а твоите деца се познати. Станува збор за луда железница бидејќи се работи за нив – вели мајката, која подоцна ја прашува Клои дали жали за славата или за нешто што се случило, но Клои вели не.

Извор



912

X