Па, тука сте – во сосема истата позиција во која бевте пред 3 години, но разликата е што сега сте помудри. Сте поминале низ овој луд циркус кој го подразбира донесувањето бебе на овој свет. Има некои работи што треба да ги запомните или можеби се обидувате да ги заборавите (на пример, породувањето кое траело 18 часа). Ова се моите совети да се подготвите за второто дете што ќе го донесете на свет:

Не чувствувајте се виновни ако не можете да доите

Имам совршено и здраво речиси тригодишно дете кое поголемиот дел од времето се хранеше со адаптирано млеко и кое докажа дека сè е во ред само додека бебето е нахрането.

Спијте кога спие бебето

Ми требаше подолго време за да го сфатам тоа пред 3 години, но тоа ќе ви го спаси разумот. Заборавете на социјалните мрежи, сè што се случува во светот или дали сте одговориле на порака или е-пошта. Вратете ги својот ум и тело во сегашно време кога вашето бебе се одмора.

Немојте да бидете опседнати со тежината

Можеби килограмите од бременоста ќе ги изгубите по 3 месеци, а можеби по една година. Сигурно по некое време ќе се најдете во рамнотежа, но не оптоварувајте се со времето.

Бидете трпеливи со првото дете

Тоа веќе знае дека ќе има нова улога на голем брат или сестра и вие знаете дека ќе бидете мајка на уште едно дете. Ќе биде полно со љубов, луто, тажно, збунето – можеби сето тоа во еден ден. Продолжете да му кажувате колку е посебно и издвојте време само за вас двајца, без разлика дали се работи само за 5 минути или повеќе.

Бидете трпеливи со сопругот

Вашиот партнер ќе мора да сфати дека мора да се приспособи новиот член на семејството. Исто така, ниту тој нема да спие, како и вие, ќе стане нервозен и ќе се прашува како неговата сопруга ќе се снајде со две деца. Бидете љубезни и послушајте го советот што Пинк го кажа кога стана мајка првпат: „Не земај ништо при срце од зборовите што ќе ти ги каже пред 10 часот наутро“. Истото важи за секое доаѓање на мало човече во семејството.

Сфатете дека ова дете го носите на свет под различни околности

Мојот сопруг и јас само што се преселивме во Њујорк, сè уште тагуваме по мојата свекрва и ни недостига нашата татковина Австралија. Сите имаме различни ситуации во животот во кои сме се нашле. Важно е да знаете кои се важните луѓе околу вас, а и имате години искуство како мајка.

Сетете се дека тие луѓе ќе ви зборуваат како треба да водите грижа за детето. Некои од советите ќе бидат само звук, а други ќе сакате да ги игнорирате.

Ќе бидете изгубени одреден период

Нема да знаете кои сте, а вистината е дека ќе биде поразлично кога вториот пат ќе поминувате низ маглата по породувањето. Ќе ви биде потребно време да си го вратите телото назад, но за тоа време ќе развиете повеќе мудрост, увид, љубов и повеќе способности за да ги завршите работите подобро од порано.

Се сакате себеси и своето семејство – размислете колку е неверојатно што нашиот живот може да се трансформира на овие начини.

Автор: Лорен Фритски

Извор



912

X