Млада мајка ги шокирала корисниците на „Тик-ток“ со своите неконвенционални методи на родителство. Имено, 22-годишната мајка, потпишана под корисничкото име „@comingupfern“, преку апликација за споделување видео на своите следбеници им кажала дека му дозволува на својот едногодишен син да јаде песок и камења за да го зајакне имунолошкиот систем.

Во видеото таа вели: „Зошто му дозволив на моето бебе, кое исклучиво го доев, да грицка стапчиња, камен, песок, нечистотија… Во последните години алопатската индустрија го зафати светот како бура. Ова не се случи случајно. Се случи по серија кампањи вредни повеќе милијарди долари, чија цел беше промена на јавната перцепција за здравјето. Не се плашам од бактерии. Всушност, ги поздравувам. Ѝ верувам на природата, а и на моето бебе. Не е случајно што бебињата го имаат тој инстинкт додека цицаат.“

Видеото, во кое коментарите се исклучени, содржи и снимка од нејзиното дете како ги става прстите покриени со песок во устата, како и камења и дрвце кое му го подарила неговата мајка. Многу луѓе ги споделиле своите размислувања за нејзините необични методи на родителство. Едно лице напишало: „Да… и му дозволив на моето бебе да си игра со ножеви бидејќи му верувам на моето бебе…“ „ШТО? Можеби земјата е загадена или луѓето и животните таму мочаат или плукаат, паразити, отровни растенија… Децата треба да си играат на отворено, но да не ставаат сѐ што ќе најдат в уста“.

Друг пак коментирал: „Мислам дека сите сме свесни за природниот имунитет, децата мора да се валкаат. Веројатно не би дозволил моето дете да јаде нечистотија, камења и дрвја. Но, исто така, нема да го присилувам да ги дезинфицира рацете откако ќе ја допре секоја површина. Некаде помеѓу е во ред. Но, количка за купување? Тоа воопшто не се вклопува во оваа приказна!“

Трет напишал: „Многу опасно и крајно лудо! Постојат растенија и цвеќиња што се смртоносни. Некои предизвикуваат исип. Многу работи се загадени со пестициди или животински измет. Ако самата мајка не би ги ставила в уста, не треба да дозволи да влезат и во устата на нејзиното бебе“.

Извор



912

X