Битката меѓу родителите и децата за гледање телевизија се чини бесконечна. Понекогаш е невозможно да се тргнат децата од каучот, така што тие седат сѐ повеќе и повеќе. Но, една мајка најде решение.

На нејзиниот тик-ток профил таа неодамна објави видео во кое нејзиниот 11-годишен син оди на лента за трчање и зјапа во екранот пред него.

– Им дозволувам на децата да гледаат цртани филмови само ако одат на лентата за трчање. Еден ден моето 11-годишно дете успеа да изоди 25 километри – напиша таа.

Видеото собра три милиони прегледи, но пристапот ги подели мислењата на родителите. Додека едни сметаат дека идејата е генијална, други сметаат дека треба да им се дозволи да се релаксираат пред ТВ.

„Ова е одлична идеја“, „Би сакала моите родители да ја практикуваа“, коментираат оние што го фалат нејзиниот метод.

„Нормално е да седиме пред ТВ и да се релаксираме. Не мора постојано да се движиме“, „Вашите деца еден ден ќе разговараат со психијатар за ова“, „Зошто децата не можат да бидат деца? Треба да пешачат 15 километри за да гледаат телевизија?“, се некои од коментарите на родителите што не го одобруваат нејзиниот метод.

@txsalth2o

#parentingtips #summerparent #parentinghacks #kidsexercisesathome

♬ I’m Gonna Be (500 Miles) – The Proclaimers

Извор



912

X