Кога станува збор за родителството и воспитувањето, не постои универзален пристап. Но, кога станува збор за чкртањето и цртањето по мебелот, играчките и другите работи, многу родители можат да се согласат дека тоа е кошмар за нив.

Но, Лејла не само што го толерира, туку и го поттикнува.

Таа неодамна објави видео на „Тик-ток“ каде што може да се види како нејзиното дете црта на сè, од мебел и играчки до теписи. Иако признава дека ѝ пречело тоа што црта на тепихот, Лејла смета дека строгата реакција или забрана би го спречила развојот на детето.

Сепак, детскиот психолог Лаура Маркам тврди дека е важно децата да слушнат не. Таа вели дека поставувањето граници всушност им помага на децата да се развијат ментално, емоционално и физички.

Голем дел од интернет-корисниците не се согласуваат со оваа мајка и велат дека за развојот е важно родителот да каже не.

@layysheikh The marker on the carpet hurt #toddlersoftiktok #toddler #toddlermom #toddlerlife #momtok #momsoftiktok ♬ These Words (sped up) – Natasha Bedingfield

Извор



912

X