Владата на Македонија ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб, утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести, со кои престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, аптеките и во установите за згрижување возрасни лица и лица со попреченост.

Поради тоа, Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста дека спроведувањето и почитувањето на општите и посебни мерки и протоколи за заштита од ковид-19 престануваат да важат во предучилишните установи. ​



912

X