Откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се слуша како плаче дете во градинка, а возрасен вика, од Министерството за труд и социјална политика велат дека го расветлуваат случајот. Девојката што го објави видеото вели дека слушала како детето плачело два часа, а жена му се обраќала со погрдни зборови, во градинка во Гевгелија.

– Веднаш по објавувањето на социјалните мрежи на видеото од немилиот настан во градинката „Детска радост“ во Гевгелија, Министерството за труд и социјална политика реагираше за негово расветлување во најкраток можен рок. Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата веднаш стапи во контакт со директорот на установата, а инспектори се упатени на терен за да извршат вонреден инспекциски надзор. Доколку се потврди веродостојноста на случката, сите одговорни ќе бидат веднаш санкционирани. МТСП нема да толерира какво било несоодветно однесување со децата во градинките. Во најбрз рок ќе ја известиме јавноста за наодите и следните чекор во однос на овој случај – велат од Министерството.

Снимката била направена од прозорец.

-Се случи околу 8-9 часот утрово. Најпрво мислевме дека е плач на некое дете од зградата и не реагиравме, но кога видовме дека доаѓа од градинката, веднаш застанавме да видиме што се случува. Не можев да поверувам што слушам, какви зборови – вели за Деца.мк Јулијана Ортаковска, која ја објави видео-снимката на „Фејсбук“.

Таа напиша дека жена му се обраќала на детето со „кучко една“, „краво“.



912

X