Воспитување

Можете да уживате во шопингот дури и кога детето е со вас – со помош на овие трикови

Сигурно сакате да го возите вашето малечко двегодишно или тригодишно дете во количката додека се обидувате да го следите списокот со работи што мора да ги купите денес. И веројатно ви е сосема во ред да ја возите таа количка меѓу полиците и „реките“ од луѓе, молејќи се да не удрите во ништо, само за да го забавувате вашето дете, кое е на работ на излив на бес од умор и преголема стимулација. И сигурно кога помислувате на шопинг, особено на божиќниот, сакате да го правите тоа со вашето дете, за и тоа да ги создаде оние посебни спомени. И тогаш ако детето не сака да се вози, туку сака да ја испроба новостекнатата вештина за одење, додека вие ја управувате количката, па тоа е едноставно неодоливо!

Се разбира дека ова е иронично кажано. Можеби еден ден, кога нашите мали помагачи ќе пораснат, со радост ќе се навратиме на овие денови, но дотогаш… ќе негодуваме. Ако немате избор и морате да го однесете вашето малечко на шопинг, мора добро да се подготвите.

Еве неколку трикови како да уживате во шопинг со малечкото.

Понесете грицки, сите што ги имате

Кога купувате со мало дете, грицките се вашиот најдобар пријател. Грицките ќе ги задржат тие мали раце зафатени, ќе му го одвлечат вниманието од шарените работи на полиците и ќе го спречат гладот. Времето за купување не е време да се грижите дали ќе му го уништите следниот оброк на вашето дете. Прифатете ги грицките како спас.

Дајте им на децата список со намирници

Обожаваат да имаат задачи и да прават нешто, сакаат да помагаат и сакаат да ги обележуваат работите што ги направиле, барем кога се малку постари. Ако сè уште не знаат да читаат, подгответе хартија со фотографии од работите што треба да ги купите. Кога ќе видат нешто од списокот во корпата или количката, мора да го пречкртаат, обележат, искинат… што и да е потребно. Само за да ги израдувате. Дајте им боичка за да означат што има во количката, па ако повремено ги прашате нешто важно како „Гледате ли некаде млеко со зелено капаче?“, нивната среќа ќе нема крај.

Откажете се навреме ако шопингот не успева

Ова е лекција која секогаш ја учиме на потешкиот начин. Се приближува времето за спиење и знаете дека е подобро да си одите дома, но потоа си помислувате: „Сè оди толку мазно, нема драма. Можеби можеме да одиме и до уште една продавница.“ И го правите тоа, застанувате на уште едно место за да пробате чевли зашто инаку нема кога да стигнете да го сторите тоа. А следната сцена е приближно ваква: го чекате детето да стане од подот каде што плачело и врескало веќе 5 минути затоа што ги сака светлечките патики што ги видело… Кога купувате со мало дете, треба да знаете кога е готово и кога сте блиску до границата. Не сакате да се обидувате да ги тестирате тие граници. Затоа што тоа нема да заврши добро

Избегнувајте опасни подрачја

Поминувањето меѓу полиците за бонбони, на пример, звучи како многу опасна област. А потоа соковите, а да не зборуваме за играчките. Можеби е најдобро да го оставите детето за друго купување. Доколку случајно налетате на некоја од „стапиците“ на промотивните штандови… Нема спас освен да забрзате.

Внимателно со распоредот во корпата/количката

Чувањето на намирниците долго време во количката додека сте со мало дете не е лесен подвиг, особено ако детето седи во количката, а не на седиштето. Малку е веројатно дека детето ќе остане мирно внатре, а потоа ќе дојдете на каса и ќе видите дека внатре имате згмечени мандарини или истрошен леб. Размислувајте надвор од рамките – закачете сè што можете на надворешната страна на количката, донесете со вас кеси доколку е потребно и користете ги за таа намена. Побарајте од детето да ви биде сериозен помошник и конкретно да внимава на работите што може да ги стави во торбата и во количката. Да, можно е, изводливо е. Не е лесно, но како нешто во родителството да е лесно, нели?

Имајте на ум дека секогаш е подобра опција да се обидете да уживате во каков било развој на ситуацијата бидејќи еден ден, наскоро, ќе ви недостигаат таквите ситуации… Да, навистина.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top