Кога бев прва година на факултет, одев на предавања по развојна психологија. Еден ден професорот користеше храна како пример за навикнување. Тој зборуваше за група сираци (меѓу кои и тој самиот) на кои им бил даден зеленчук како награда за јадењето на десертот. Оваа обратна психологија го навела да биде возрасен човек кој сака зеленчук повеќе од сладолед.

Дали навистина е толку едноставно? Дали вашето дете едноставно ќе го сака зеленчукот бидејќи ќе го смета за награда?

Експеримент од 1926 година вклучувал бебиња кои сè уште не пробале цврста храна за да видат што ќе се случи ако им се даде слободна волја во врска со тоа што го јадат. На секое дете му биле дадени 10 опции од секој оброк и медицинска сестра која чека да види што ќе побараат. Заклучните резултати биле дека децата биле желни да изедат сè – од коскена срцевина до цвекло. Со мало дневно приспособување можно е да им се помогне на децата да јадат зеленчук. Но, зошто е толку тешко децата да јадат зеленчук?

Вродена особина на луѓето е повеќе да преферираат слатки отколку кисели и горчливи вкусови. Причината за тоа е еволуциската безбедност која им кажува на нашите деца дека најотровните работи се или горчливи или кисели, а не се благи. Тоа што не ни се допаѓаат зелената горчлива храна и киселите овошја е генски наследено. Комбинирајте ја еволуцијата со слатко јадење кои ние возрасните редовно го консумираме и ги храниме нашите деца, и имате поголем проблем. Ја охрабруваме природната тенденција за тоа да премине во навика.

Зошто е важно децата да јадат повеќе зеленчук

Зеленчукот му обезбедува на телото повеќе минерали и хранливи материи што се потребни за раст и здравје. Тука се вклучени антиоксидансите, како витаминот Ц и витаминот К, како и растителни влакна, манган и калиум. Различните бои и видови зеленчук помагаат при балансот на внесот на хранливи материи. Ова е важно за метаболички процеси, развој и превенција при болести.

Сепак, ако вашето дете не сака зеленчук, не кревајте паника. Многу од хранливите материи што ги има во зеленчукот ги има и во другите видови храна, особено во овошјето што децата го сакаат. Дополнително, многу деца ќе поминат низ таа фаза на несакање зеленчук. Мојот син сакаше само макарони и сирење во период од 2 години. Денес, мојот син тинејџер јаде салати без дресинг, активно бара да оди на пазар за да купи и да проба нови видови зеленчук, и знае да ме прекори ако нема доволно зеленчук на маса кога јадеме.

Совети како да ги мотивирате децата да јадат повеќе зеленчук

Има неколку едноставни начини. Првиот е постојано да им нудите. Дури и ако детето го остави зеленчукот во чинијата, обидувајте се со различни видови зеленчук преку различни рецепти за да им го разбудите љубопитството. Никогаш не знаете кога ќе одлучат да пробаат нешто само затоа што изгледа интересно. Лиценцираниот нутриционист Кристин Конли Реб истакнува: „Обидете се со различни намази како хумус, овошна салса, гвакамоле и слично. Ако тоа не успее, обидете се со трикови, па ставете малку зеленчук во пица, такоси, макарони, компири и слично“.

Алекс Асал Једидшн, мајка на 3 деца од Лос Анџелес, го разбира проблемот и има одлични совети за процесот на јадење да биде забавен. „Обидете се со сосови, нов прибор за јадење, па вметнете ги во другите јадења. Најважно е да не се откажувате. Продолжете да се обидувате“, вели таа.

Друг начин за да ги мотивирате децата да јадат повеќе зеленчук е да бидете добар пример за здрави навики во исхраната. Децата го формираат своето однесување врз основа на она што го гледаат. Лично не сум голем обожавател на зеленчук, но сакам добра салата, печен аспарагус и слично. Мојот син ужива да ги јаде овие зеленчуци кога гледа дека и јас уживам во тоа.

Автор: Кимберли Леонард

Извор



912

X