Склоноста на децата кон слатка храна и пијалаци е универзална во светот. Повеќето родители знаат дека децата во текот на оброкот се фокусирани исклучиво на оној вкусен десерт кој често го добиваат по главното јадење, но постои една добра вест – да се изеде десерт пред главното јадење, всушност, би можело да има и некоја корист.

Тоа ги учи на одговорност

Слатките може да бидат важен дел од здравата исхрана и на децата да им донесат многу радост. Послужувањето десерт на почетокот од оброкот ја неутрализира важноста на десертот и на крајот станува само уште еден дел од оброкот, наместо нешто посебно, она што децата ретко го јадат.

Може да помогне за губење на килограмите

Според неодамнешно истражување, утврдено е дека ако прво изедете десерт, тоа всушност може да доведе до губење на килограмите. Се покажало дека кога учесниците на почетокот од оброкот имале десерт кој заситува, јаделе помалку од ручекот.

Може да им помогне на децата да носат поздрави одлуки

Истражување објавено во „Журналот за експериментална психологија“, открило дека уживањето во десертот пред главното јадење би можело да доведе до поздрава исхрана во целост. Причина за тоа е – кога прво јадете здрав оброк, претерано се радувате за таа слатка награда што следува, но ако веќе прво сте ја задоволиле својата желба за слатко, на крајот ќе изедете нешто полесно и поздраво.

Би можеле да бидете подобро расположени

Не е изненадување дека луѓето копнеат по десерти бидејќи тие може позитивно да влијаат врз нашето расположение. Па, ако на децата прво им послужите десерт, тоа би можело да го направи времето за ручек и вечера помалку стресно за целото семејство. Неодамнешни истражувања исто така посочуваат дека оние што повеќе сакаат слатки, веројатно ќе бидат пољубезни и сочувствителни.

Извор



912

X