Здравје

Може ли носот да порасне во текот на бременоста?

„Мојот нос толку растеше во секоја бременост, што бев изненадена што не добив стрии и на него“, коментирала една мајка откако популарната манекенка Криси Тајген зборуваше за промена на големината и обликот на нејзиниот нос во текот на бременоста.

Имено, многу жени знаат дека за време на бременоста можат да очекуваат болка во градите, мачнина и замор, но малкумина од нив знаат дека во бременоста може да дојде до отекување на носот, а со тоа и до промена на неговата големина или форма. „Мојот нос е огромен. Има свој индекс на телесна маса. Како може да ви се здебели носот? Ова е фасцинантно”, рекла Тејген за време на бременоста и ги воодушевила другите мајки додека зборувала за тоа.

„Ова е вистински проблем за кој малку луѓе зборуваат. Бев исплашена“, додала другата мајка. Иако не е вообичаена појава, според Кралскиот колеџ за акушери и гинеколози, ринитисот може да се појави во бременоста, а е резултат на промените во хормоните (континуирано покачен естрадиол, прогестерон и пролактин) во бременоста, пренесува Метро.

Зошто носот отекува за време на бременоста?

Зголеменото ниво на естроген и прогестерон предизвикува отекување на стапалата за време на бременоста, го стимулира протокот на крв во мукозните мембрани, ги принудува мускулите и меките коски во носот да се прошират и го прават носот да изгледа пополн и поинаков во форма. Од истата причина, повеќето жени имаат затнат нос за време на бременоста и се посклони кон крвавење од носот. Промената на големината на носот обично се случува во третото тримесечје кога високиот крвен притисок и задржувањето на водата предизвикуваат оток.

Еве некои од главните причини зошто се појавува оток: Во првото тримесечје крвните садови се шират така што доволно крв може да стигне до бебето. Како резултат на тоа, крвните садови во синусите и носот се шират, предизвикувајќи помал оток. Во последното тримесечје, задржувањето на водата во лицето може да предизвика поголемо отекување на носот. Високиот крвен притисок за време на бременоста, исто така, може да ја предизвика оваа појава. Најчеста причина, сепак, е промената на односот на хормоните во телото. Зголеменото ниво на естроген го зголемува протокот на крв во мукозната мембрана која се наоѓа под носот. Зголемениот проток на крв доведува до проширување на носните мускули.

Кога носот ќе се врати во нормална големина и форма?

Зголемувањето на носот во бременоста се јавува поради хормонални промени. Овие промени се привремени и, по породувањето, хормоналната рамнотежа треба да се врати и вашиот нос да се врати во нормала во рок од четири до шест недели по породувањето. Иако оваа состојба е нормална во бременоста и дејството на хормоните не може да се спречи, експертите велат дека постојат начини да се намали отокот на носот.

Обидете се да го намалите вкупниот внес на сол и да го зголемите внесот на вода за да го намалите нивото на задржување вода и да го контролирате високиот крвен притисок.

Кога треба да посетите лекар?

Нормално отекување на носот е нормален несакан ефект на бременоста и нема потреба да се грижите. Но, наглото зголемување на отокот, особено на лицето, рацете или на стапалата, може да биде знак за прееклампсија, состојба која треба да се пријави кај вашиот лекар што е можно поскоро.

Автор: Ана Хлача

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top