Американка Мишел Хол од Флорида останала бремена на 50 години откако нејзините јајчници успеале да произведат уште една јајце-клетка на таа возраст, а последната останала оплодена.

Но, дали е можно да забремените и во менопауза?

Запомнете, не сте стигнале до менопауза додека не поминете цела една година без менструација. Штом сте во постменопауза, нивото на вашите хормони е доволно променето што јајчниците повеќе нема да ослободуваат јајце-клетки. Повеќе не можете да забремените по природен пат.

Менопауза и перименопауза

Терминот „менопауза“ често се користи за да се опише времето на животот по првите симптоми, но има и нешто повеќе од тоа. Менопаузата не се случува преку ноќ.

Додека сте во репродуктивните години, произведувате естроген, прогестерон, лутеинизирачки хормон (LH) и фоликуло стимулирачки хормон (FSH). Во средината на месечниот циклус, LH, FSH и естрогенот работат заедно за да ги стимулираат јајчниците да ослободат зрела јајце-клетка за време на овулацијата.

Овулацијата не може да се случи ако нивото на хормоните не е во оптималниот опсег. Ако јајцето е оплодено, LH го стимулира производството на прогестерон за одржување на бременоста.

Перименопауза

Перименопаузата е време на транзицијата. Вашите јајчници почнуваат да создаваат помалку естроген и прогестерон. Нивоата на LH и FSH почнуваат да се зголемуваат бидејќи јајчниците стануваат помалку реактивни на нив.

Со флуктуирање на нивото на хормоните, може да почнете да забележувате симптоми како треска и ноќно потење. Вашите менструации стануваат неправилни по должина и зачестеност. Вашите јајчници може да ослободат јајце-клетка некои месеци, но не и во сите. Иако вашата плодност се намалува, сепак можете да забремените. Ако не сакате да забремените, мора да користите контрацепција и за време на перименопаузата. Оваа фаза може да трае неколку години.

Менопауза

За време на перименопаузата, се чини дека менструацијата престанува, но потоа почнува повторно. Ова може да се случи повеќе од еднаш, што може да ве измами да мислите дека сте стигнале до менопаузата, кога всушност не сте.

Ако поминала цела година од вашиот последен циклус, сте стигнале до менопауза. Кај повеќето жени тоа се случува некаде на возраст од 40 до 55 години, со просечна возраст од 51 година. Откако ќе достигнете менопауза, нивоата на LH и FSH остануваат високи, а нивото на естроген и прогестерон остануваат ниски. Повеќе не овулирате и не можете да забремените.

Постменопауза

Штом ќе се појави постменопаузата, нивото на хормоните повеќе нема да биде во соодветниот опсег за овулација и бременост. Контролата на раѓање повеќе не е потребна.

Ин витро оплодување по менопауза (ИВФ)

ИВФ по менопаузата се покажала како успешна.

Јајце-клетките во постменопаузата повеќе не се одржливи, но постојат два други начини на кои можете да ги искористите предностите на ИВФ оплодувањето. Можете да користите јајце-клетки што сте ги замрзнале порано во животот, или можете да користите свежи или замрзнати донаторски јајце-клетки. Ќе ви треба и хормонска терапија за да го подготвите вашето тело за имплантација и да го родите бебето навреме.

Во споредба со жените во предменопауза, жените во постменопауза веројатно ќе имаат и мали и поголеми компликации во бременоста по ИВФ оплодувањето.

Во зависност од вашата здравствена состојба, ИВФ по менопаузата можеби нема да биде опција за вас. Корисно е да се консултирате со специјалист за плодност кој работел со жени во постменопауза.

Запомнете!

Колку сте постари, толку е поголема веројатноста да имате веќе некоја здравствена состојба што може да ги комплицира бременоста и породувањето.

По менопаузата, можеби ќе можете да забремените со помош на хормонска терапија и ИВФ. Но, тоа не е едноставно, ниту е без ризик. Ако размислувате за ИВФ оплодување, ќе ви треба професионално советување за плодност и внимателен медицински надзор.

Извор



912

X