Покрај тоа што е вкусно и здраво овошје полно со влакна, витамини и биоактивни соединенија, ананасот содржи и ензим наречен бромелаин. Се верува дека помага во омекнување на грлото на матката и стимулирање на контракциите. Токму затоа често слушаме дека една од препораките за трудниците кои го надминале терминот е да јадат што повеќе ананас.

Сепак, д-р Стефани Хек вели дека врската помеѓу бромелаинот и омекнувањето на грлото на матката не е докажана.

„Некои анегдотски докази посочуваат дека ананасот може да помогне при породувањето, но нема цврсти докази дека тоа е така. Се смета дека ензимот бромелаин помага во омекнување на грлото на матката, но не постојат научни докази за да се поддржи ова тврдење“, објаснува Хек.

Според една неодамнешна студија спроведена на стаорци, научниците заклучиле дека ананасот навистина може да предизвика контракции на матката. Сепак, ова истражување е спроведено со ставање парчиња ананас на мускулите на матката на стаорци и не е тестирано на луѓе, објаснила медицинската сестра Лисел Тин.

Извор



912

X