Игротека

Можат ли виртуелните очила да ја намалат болката при породувањето?

Главната акушерка на Одделот за породување во болницата во Велс, Сузен Хардејкр, вели дека новата технологија нуди алтернатива во ублажувањето на болката во текот на породувањето.

Универзитетската болница во Кардиф спроведува истражувања за тоа дали можат очилата за виртуелна реалност во породилиштата да ги контролираат породилните болки. Ако се покажат како успешни, тогаш во цел Велс би можел да заживее нов пристап кон породувањето.

Трудницата Хана Лели пред породувањето го тестирала уредот и го споредила со „стимулатор“.

„Навистина се работи за 360 степени, така што кога ќе се свртам, можам да видам кој е зад мене или покрај мене“, вели Лели и додава дека уредот ѝ помогнал да се опушти. Одборот за здравје наскоро организирано ќе почне да собира повратни информации од мајките што веќе родиле, а ги пробале уредите.

„Ова е можност да направиме нешто навистина различно, нешто иновативно… нешто што не се користи никаде на друго место“, вели Хардејкр, главната акушерка. „Мислам дека ова е многу добро да се примени на самиот почеток на породилните болки бидејќи со овој уред жените ќе успеат подобро да се концентрираат на дишењето и на опуштањето“, додава таа.

Хана Лели вели дека е голем обожавател на новиот уред бидејќи смета дека отвора цел еден нов свет за жените што треба да родат. „Можеби овој уред нема да му одговара секому, можеби нема да се користи во сите фази на породувањето, но верувам дека е добра алтернатива“, вели Лели.

Порграмерите од „Рескејп“, компанијата што го изработила уредот, секоја година заработуваат околу 4.000 фунти од очилата. „Полека преминуваме од забавната сфера во терапевтската“, со гордост вели коосновачот Глен Хапгуд. „Престојот во болница никогаш не е пријатен. Дури и ако на тоа гледате од тераписки поглед – и самото одвлекување на луѓето од непријатното опкружување во кое се наоѓаат е многу добро решение“.

Главната акушерка Хардејкр вели дека овој уред би можеле да го користат и трудниците што во текот на претходните породувања имале трауматични искуства. Вели дека очилата биле испробани на жени кои оделе на индуцирано породување, но и на оние што биле во рана фаза на породувањето. „На почетокот од породувањето на родилките можеме да им понудиме вода, техники на дишење и опуштање“, додала таа. А виртуелната реалност им дава друга димензија.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top