Наставничката Цанка Костова од Основното училиште „Страшо Пинџур“ во Неготино реши да ги изненади своите ученици кои, наместо во училница, последното тримесечје следеа настава од дома. Коронавирусот не дозволи годинава децата да си ја гушнат наставничката, која, пак, на еден убав начин реши да им исцрта насмевки на лицата.

– Точно на стотиот ден откако не сме на училиште моите ученици имаа едно поинакво утро. Како што минуваше времето, бев решена за миг да ги видам дечињата, па макар и само оддалеку. Кога желбата и професијата се љубов, тогаш делата зборуваат. Тоа беше ден поинаков од другите, ден полн со изненадувања и емоции, ден полн со насмевки и среќни лица. Голема благодарност до родителите за соработката и вниманието – вели Костова.

За што поточно станува збор, погледнете во видеото кое за кусо време стана вирално.



912

X