Од МОН засега немаат податоци дали има незапишани ученици поради непримена МРП-вакцина и нив ќе ги добијат овој месец преку Државниот просветен инспекторат. Министерот Арбер Адеми изјави дека е значително зголемен процентот на деца вакцинирани за заштита од мали сипаници, а и натаму МОН ќе ја следи состојбата во координација со Министерството за здравство.

– Државниот просветен инспекторат има надлежности зашто до него училиштата ќе доставуваат информации кои деца не се запишани, а би требало да бидат. Сите податоци за запишани деца ќе ги добиеме овој месец, а со министерот за здравство Венко Филипче договоривме да има и теренска вакцинација во самите училишта за да се подигне опфатот на вакцинирани деца – изјави Адеми при посетата на ОУ „Лазо Ангеловски“ по повод првиот училиштен ден.

По ширењето на заразата минатата учебна година, за која во средината на април беше прогласена и епидемија на територијата на целата држава, беше донесена одлука во градинките и во училиштата да се примаат и запишуваат деца само со приложување вакцинален картон.
Министерството за здравство минатиот понеделник соопшти дека вакцинацијата со МРП-вакцина во целата држава е 98 проценти. Во Скопје 99, а во останатиот дел од државата 97 отсто.



912

X