Министерството за образование и наука си стои на својот став дека наставниците треба да го пополнат ретроактивно е-дневникот, и покрај нивните реакции. На прашањето на Факултети.мк дали ќе ја сменат одлуката, од ресорното министерство одговора:

– Електронскиот дневник извесен период не беше во употреба поради активностите поврзани со надградба на платформата на која тој е базиран и ажурирање на одредени податоци од страна на компанијата избрана за оваа цел преку постапка за јавна набавка. Сега откако овие активности се заокружени и е-дневникот е ставен во функција, наставниците се известени дека треба да ги пополнат основните податоци поврзани со учениците, односно да ги вметнат само полугодишните оценки и изостаноците – велат од МОН и додаваат дека наставниците ќе ја исполнат својата законска обврска за водење педагошка евиденција преку оваа алатка, а воедно ќе се овозможи е-дневникот да ја оствари основната намена поради која постои.
Преку своите синдикати, наставниците деновиве реагираат дека не сакаат да ги пополнуваат е-дневниците од 1 септември зашто не се виновни за техничкиот пропуст на МОН.



912

X